Најмалку 29 Палестинци, меѓу кои и деца, се убиени во израелски воздушен напад врз катна станбена зграда во источниот дел на градот Газа, соопшти локалната болница, пренесува Би-би-си.
Агенцијата за цивилна одбрана управувана од Хамас соопшти дека воени авиони ја нападнале областа во близина на џамијата Ал-Хаваши во населбата Шеџаија во вторникот наутро.
Првично беше соопштено дека загинале 23 лица, но беше предупредено дека првите спасувачи бараат дваесетина други под урнатините. Вечерта беше објавено дека се извлечени 15 тела, без да се даде ажуриран биланс на загинати.
Израелската војска соопшти дека нападнала „висок терорист на Хамас“ кој бил одговорен за планирање и извршување на напади во областа, додавајќи дека беа преземени бројни чекори за да се ублажи штетата врз цивилите, вклучително и употребата на „прецизно оружје“.
Војската, исто така, го обвини Хамас за кршење на меѓународното право со намерно користење на цивилното население како жив штит.
Видеото од Шејаја покажа дека телата на мали деца прекриени со прашина ги носат од урнатините вознемирени роднини и спасувачи.
Д. Мишев