• Latest

Во кафеани со чочек се славело за завршетокот на полицискиот час

May 29, 2020
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во кафеани со чочек се славело за завршетокот на полицискиот час

May 29, 2020 20:23
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Полни кафеани, со песни и играње чочек на маса помина првата вечер од отворањето на угостителските објекти. Сто инспектори од пазарниот инспекторат, кои биле излезени на терен сношти останале запрепастени од она што го затекнале. Во најголем дел од кафеаните се почитувале мерките за лична заштита, но во дел, пак, се правеле журки, како во најлудите новогодишни ноќи. Директорот на пазарниот инспекторат вели дека од фотографиите и видеата што ги направиле инспекторите, се гледа дека граѓаните во кафеаните не покажале ни свесност, ни совесност за пандемијата. И затоа инспекторите ќе почнат со казни уште од денеска.

„Она што инспекторите го констатираа на терен, не беше ни фамилијарно, ни по четири, туку беше жива журка како да се завршило, како да завршила една воена состојба, а не вонредна состојба. За жал совеста и свеста попуштија кај сите граѓани на нашата држава. Посебно на оние кои што организираат угостителство“. – Стојко Пауноски, директор за Државен пазарен инспекторат.

Делови од протоколите за работа на угостителите ќе мора да бидат изменети зашто не можат практично да се применат, вели Пауноски. Келнерите можат да бараат лична карта само за да не се служи алкохол на малолетник, но не и да да се проверуваат семејните врски.

Промена на протоколот бара и Министерството за економија, зашто биле затрупани со такви барања.

До Министерство за економија по објавување на Протоколите се пристигнати голем број на реакции од страна на Здруженија, Комори и Асоцијации на угостители со забелешки дека истите не можат да постапуваат по Уредбата од причина што Согласно Законот за угостителска дејност, келнери, менаџери или управители на угостителски објекти немаат право да легитимираат граѓани, односно гости.

Од Комората на угостители велат дека бараат да се дозволи на маса да седат по четворица кои не мора да се од исто семејство. И да се тргне обврската за барање на лична карта.

„Она што можат келнерите да направат е кога ќе дојдат повеќе од двајца, да ги прашаат дали се дел од семејство. Сето останато останува на онаа социјална свест што ја кажуваме и на која се повикуваме. Нашиот предлог е да се дозволи да седат по четворица на маса со тоа што сите треба да бидеме свесни и одговорни. Тие четири лица и да не седат овде, пред да даојдат биле заедно“. – Мартин Ангеловски, Угостителска комора.

Дел од сопствениците на кафулињата велат дека првиот работен ден бил стресен и за нив и за гостите. Сведочат за разни ситуации. На кафе седнувале по три другарки, кои тврделе дека се братучетки или, пак, колешки кои заедно работеле во иста канцеларија. Во слични вакви ситуации келенерите се објаснувале со гостите што било понижувачко и за гостите и за вработените.

Според протоколите угостителите можат да работат само на летните тераси и тоа до 22 часот. На една маса може да седат две лица, а ако се од исто семејство може и четворица. Масите треба да се оддалечени најмалку 1,5 метар.

извор: 24 Вести

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ