• Latest

Во Македонија е нескромно да се пишува за убави нешта

January 25, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Во Македонија е нескромно да се пишува за убави нешта

January 25, 2017 10:49
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Каде отиде шаренилото, смеата, мирот, мирисот, спокојот, песната, едуцираноста, сигурноста, слободата и социјалната правда и еднаквост од годините на достоинствено опкружување и на култура на живеење?… Ајде, уредно да ги запечатиме мирисите, сликите и вредностите што важеа за сите нас, во еден фолдер со екстра-меморија. И да се надеваме дека еден ден,  додека не сме станале сите до еден сенилни, ќе ни се повторат.

Пишува: Енис Хилми

Нема така лесно да го заборавам овој 31-ви декември. Охрид. Доцна попладне. Празен маркет. Дечурлаана на каса, со по некое сокче и вино од најефтиното. Баба со внуче, со едно лижавче во рака. Возрасен човек со еден бел леб и снопче праз. Зад него чека госпоѓа со 100 грама какао и кило мандарини. Две другарчиња прашуваат: „Што имате за пет денари?“

Пред маркетот измрзната мајка со две деца, седи на картон. Дува силен север.  Касиерката радосно ми раскажува дека едвај „скрпила” 500 денари за новогодишен подарок за внукот.

Надвор, ретки минувачи, сите до еден со главата надолу. Што од студ, што чинам, од мака. Некои, полупијани итаат кон попатните обложувалници.

Едно детенце ми побара да му купам ѓеврек. Две измрзнати кучиња ме испраќаат до влезот, до дома. Во слаткарницата продавачката дреме пред преполниот пулт со торти. Недостасува само девојчето со кибритчињата. И  комшијата, кој со години тажни ми погледнува во куферот, и ми раскажува дека ете, не може да оди ни до Скопје. И при крајот на секоја  година, се надева дека тоа ќе се случи во наредната. Неколку  петарди пукаат кај некогашниот детски полигон, денес претворен во паркиралиште и отпад. Потоа, тишина насекаде. Нагоре, по катовите, ниту еден препознатлив мирис и звук на Новата година…..

Во кој век, во кој  филм, во какво тоа општество, ние заталкавме?

Каде отиде шаренилото, смеата, мирот, мирисот, спокојот, песната, едуцираноста, сигурноста, слободата и социјалната правда и еднаквост од годините на достоинствено опкружување и на култура на живеење?

Веројатно, по ѓаволите. И во охридските длабочини.

А паметам и еден, сосема поинаков град. Но, тоа сега, може само излитено, бајковито, па дури, и разлигавено да звучи. Имам чувство како да е нескромно  да се пишува и зборува за убави нешта. Дури и да се  тие  дамнешни. Дури и да е тоа времето кога  комшијата патуваше многу подалеку од Скопје; кога  децата без исклучок беа со пакетчиња во рака и во камиони дефилираа на Новогодишна парада по чаршијата; кога мајките меѓу фризерот и пеглањето на новите ни алишта, правеа „орахова торта” и ни печеа ролат со месо и јајца… Кога туристите беа елитни, прославите и журките – вистински, кога се подаруваа и читаа книги, кога редиците во маркетите беа сериозно долги, а мирисот на достоинство, заедно со тазе спремената храна и песна, ги имаше во секоја куќа од истото мое опкружување.

Сиромаштијата веројатно привлекува сиромаштија. По сите аршини. Претходно, дента, наидов и на една организирана, предновогодишна забава. Не знам од која причина, но некој решил дека е модерно среде бел ден, среде плоштад, да се пушта техно-музика. И тоа неколку часа без престан, со децибели што преку езерото, можеби се слушаа и до Струга. Го забележав единствено стариот крофнаџија, како застанат пред бината, најревносно си слуша… Што и да слушал. Што и да му се чинело. Каде и да бил со умот. Си реков, барем некој ужива.

Дедо Мраз во чаршијата, пред еден фотографски дуќан, ме развесели. Истиот тој Дедо мраз кој во годините наназад, со изветвената облека и пластичната, накитена санка, ми изгледаше тажен и кичест.

Пред дуќанот, еден малку чуден човек, уште почудно ме погледна, во моментот кога му давав кекс на моето куче. Некако, ем жалосно, ем со презир ме гледаше. Не му се лутам. Го разбрав. Немаштијата зборуваше од него. Едно бесно возило со монахињи ме запре, да ме праша како да стаса до Плаошник.  Ете, ни нов туристички бран, си помислив. За бетоните на Плаошник.

На клупа покрај езеро, сретнав и пар познаници. Во половината од четриеската се. Останале и двајцата без работа. Не знаев. Едниот од нив, само знам дека беше првенец на генерацијата. К’смет, ќе рече некој. Животишче, ќе рече друг.  Партија, ќе рече трет… Држава, секако, одамна веќе  никој не спомнува. Децата, класика, им живеат во некои други држави. Се прашуваат колку би ги чинело едно кафе, доколку седнат во околните кафулиња. Решиле сепак, да си понесат термос од дома. Повеќе од непристојно беше да се праша: Каде вечер?

Дајте, уредно да ги запечатиме мирисите, сликите и вредностите што важеа за сите нас, во еден фолдер со екстра меморија. И да се надеваме дека еден ден,  додека не сме станале сите до еден сенилни, ќе ни се повторат .

“За многу години!”,секојдневно се поздравуваат охриѓани.

„Аман, не повеќе вакви, благодарам!“, тивко си возраќам, во себе.

Во поштенското сандачe ме чекаше честитка. Од оние уредно адресирани, со марка. И со елки, снег и светки .

Како топол знак за  некои поубави години.

 

(Авторката е поранешен државен службеник)

Tags: Дедо МразНова годинаОхридПлаошниксиромаштијаСтруга
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ