• Latest

Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски

December 24, 2024

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски

December 24, 2024 14:28
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое обвинет за „злоупотреба на служена положба и овластување“ е кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, по пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случајот за недобивање дозволи за градење згради во Куманово.

На денешното рочиште на предлог на адвокатот на Димитриевски беше презентиран вештиот наод од област на урбанизмот. Вештото лице кажа дека градоначалникот и општината постапувале штитејќи го јавниот интерес, суспензијата на Деталниот урбанистички план е донесена откако реагирале гимназијата и здравствениот дом-школска амбуланта.

Како што објаснуваше, вештото лице во случај кога нема јасно дефинирани законски одредби како треба да продолжи постапката, по Закон за градење или закон за урбанизам, едниот го поддржува градењето, другиот јавниот интерес, општината и градоначалникот постапувале согласно надлежностите и ингеренциите кои се засноваат на Уставот, уредувањето, хуманизацијата на просторот, заштитата на животната средина како приоритет. По укажувањата на двата јавни субјекти, консултираните експерти, комисијата за урбанизам, донесена е одлука за суспензија. Општината, како што појасни, има правна надлежност и како прва е урбанистичкото планирање.

Обвинителката целосно приговараше на мислењето на вештото лице, сметајќи дека е издвоено мислење кое е контрадикторно со одлуките на Управниот суд, имајќи во превид дека општините при издавање на дозволите постапува согласно начелата и според одлуките на Уставниот суд, а вештото лице ги оправдува своите ставови, повикувајќи се на Уставот.

И адвокатите на градежните компании приговараа потенцирајќи дека вештото лице го занемарува фактот дека до суспендирањето на планот, општината требало да постапи согласно законот.

По завршување на рочиштето во изјавата за медиумите кумановскиот градоначалник, рече дека е обвинет за наводно сторено кривично дело и предизвикување материјална штета на лица кои не прибавиле дозвола за градба. Тој кажа дека се работи за „феномен“ во правосуството, но и нагласи дека верува во судот, институциите на системот.

– Го слушнавме вештото лице дека општината постапувала и го штитела јавниот интерес, согласно закон и уставните начела и не е направен ниту еден пропуст, не е ускратено ниту едно правно на ниту една странка, испочитувани се сите закони. Сметам дека после ваквото видување, доказите го уриваат обвинението и ги потврдуваат моите постапки, сметам дека истото Обвинителство час поскоро треба да го повлече обвинението, бидејќи не е издржано. Фамозниот обвинителен предлог, да ве потсетам стигна во судот, иако претходно беше побарано од моја страна изземање на обвинителот кој постапуваше пристрасно, но за жал успеа спротивно на законите да го проследи предлогот, а потоа истиот беше изземен, рече Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник нагласи дека е горд што ги штител интересите на граѓаните, додавајќи дека градбата носи штета на детскиот диспанзер и на гимназијата и не само оваа туку сите во конкретниот ДУП.

– Поради икс причини беше укината од страна на Уставниот суд, времето е покаже дали одлуките биле донесени согласно законот или врз база на политички притисок којшто е евидентен во институциите на системот, изјави Димитриевски.

Тој нагласи дека ќе се заложи како лице во јавниот живот, Македонија да добие реално владеење на правото и професионални судски институции.

Адвокатот на градежниците, Виктор Божиновски пак изјави дека вештачењето наменски е правено од одбраната на обвинетиот.

-Воопшто не е базирано на делови од законот за урбанистичко планирање и законот за градење, туку е базирано врз правни прашања, што на крајот е работа на судот. Во вештачењето се заборава дека постојат два месеци во кои градоначалникот, иако во рок до два дена бил должен да извади пресметка за комуналии тоа не го сторил и тоа е оснвата на постапката, рече Божиновски.

Адвокатот на градежните компании кажа дека сведочењето на вештото лице е неточно, бидејќи има пресуди од управниот и одлуки на Уставниот суд кои рече потврдуваат дека општината и градоначалникот незаконски постапувале.

На наредното рочиште ќе бидат сослушани уште две вешти лица. Судењето е закажано за февруари идната година. 

Фото: МИА 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ