Со информации за текот на предвремените локални избори за градоначалник во Штип и Пласница, ЦИВИЛ денеска ќе одржи пет прес конференции и тоа во: 11, 13, 17, 19 и 21 часот, по што ќе се одржи и панел дискусија.
Прес центарот во Штип ќе се отвори во 6:30 минути, а ќе го покрива и гласањето и во Пласница. Се очекува прес центарот да биде отворен цели 16 часа, до 22:30 часот, а по потреба и повеќе – јавуваат од Организацијата. Сите прес конференции ќе се пренесуваат во живо, на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.
Првата прес конференција со првичните наоди за гласањето на 11 и 12 декември, како и извештај за мониторингот на изборната кампања, беше одржана синоќа во Штип, во 19 часот, што беше пренесувана во живо.
Изборите во Штип и Пласница ги следат 30 акредитирани набљудувачи на ЦИВИЛ.