• Latest

Во пресрет на Извештајот од 2022, во Собранието сѐ уште се разгледува годишниот Извештај на Народниот правобранител за 2021 година

March 13, 2023
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Во пресрет на Извештајот од 2022, во Собранието сѐ уште се разгледува годишниот Извештај на Народниот правобранител за 2021 година

March 13, 2023 13:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Се надевам дека Собранието ќе го разгледа на време Извештајот за 2022 година, со оглед дека со овој извештај, за 2021 година се доцни иако е готов уште во април 2022. Се надевам дека матичните комисии и Собранието навреме ќе го разгледа за да може да се реагира на претставките на Народниот правобранител“, изјави Народниот правобранител Насер Зибери на почетокот на  седница на Собранието, пред отворање на расправата за Извештајот за 2021.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потсети дека доцнењето е пред сѐ поради доцнењето на Матичните комисии, како и блокадите на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2021 се наведува дека претставките на граѓаните се однесувале на обезбедување промена на документи за лична идентификација, остварување на правото на надоместок на помош и нега од друго лице, најголемиот број од претставките се однесувале на областа правосудство, од кои скоро една третина на работата на извршителите, бил зголемен бројот на примени претставки во областа детски правa и тоа во сите сегменти, посебно во делот на остварување на правото на образование, по воведувањето на новата концепција за основно образование која предвидуваше замена на хартиените со дигитални учебници, како и за проблемите со обезбедувањето на лични и образовни асистенти како поддршка на учениците со попреченост кои се инклузирани во општинските основни училишта.

Претставки се поднесувале и во областите здравствена заштита, недискриминација, пензиско и инвалидско осигурување, полициските постапувања. пренатрупаност во одделни затвори, посебно во затворените одделенија, со што автоматски условите за престој повторно станаа нехумани/супстандардни. Ситуацијата посебно е алармантна во затворениот дел на Казнено поправниот дом Идризово, особено во т.н. „амбуланта“ и крило седум. Голем проблем за осудените лица и понатаму е здравствената заштита, а не изостанаа и претставки од осудени лица кои се однесуваат на користењето на погодностите.

Од вкупно 3.075 предмети, примени/заведени во 2021 година, Народниот правобранител покренал постапка по 2085 или 67,80% претставки, по 655 или 21,30% претставки не покренал постапка.

Расправата за Извештајот на Народниот правобранител за 2021 на 71 седница во Собранието е во тек.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ