• Latest

Во Прилеп четврицата заболени се во добра состојба, едно од нив е деветгодишно дете

March 27, 2020
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Во Прилеп четврицата заболени се во добра состојба, едно од нив е деветгодишно дете

March 27, 2020 19:24
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Четворицата новозаболени од корона вирусот во Прилеп се во добра состојба и се во самоизолација. Од нив едно е дете на деветгодишна возраст, две жени и еден маж, информираат од Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Според директорката на Центарот Драгица Николоска, двајца од четворицата новозаболени лица се во сродство со првозаболените двајца сопружници на над 60-годишна возраст. Синот на брачната двојка е негативен на тестирањето и се бара изворот на заразата.

-Од вкупно земените 20 брисови во текот на вчерашниот ден, четири брисеви се позитивни за корона вирус. Од нив, едно е дете на 9-годишна возраст, две женски лица од 35 години и едно машко лице на возраст од 36 години. Детето и мајката се во сродство со првите двајца заболени сопружници од корона вирусот. Синот на брачната двојка прво заразени е тестиран и е негативен. Инаку денес, а и утре, се анкетират сите кои имале примарен или секундарен контакт со потврдените случаи. Доколку епидемиелозите, преку епидемиолошка анкета утврдат дека треба да се тестираат и останатите, тоа ќе се знае најдоцна до утре. Сите се во самоизолација од првиот ден, комплетно изолирани од институциите каде работат. Заразените со вирусот се во општа добра здравствена состојба. Во моментов, епидемиолошката служба работи да ја најде поврзаноста на случаите и за да се најде кој е изворот на заразата.  Во текот на денешниот ден се тестирани седум нови лица и резултати треба да има за 24 часа, изјави Николоска.

Од понеделникот почнаа со работа 14 пунктови во државава, еден од нив е и во Прилеп во просториите на Центарот за јавно здравје.

-Закажувањето е преку матичен лекар на Мој термин и досега, во ситуацијата во која се наоѓавме, беа дозволени само седум брисеви во текот на едно деноноќие. Но како што се променува ситуацијата, бројот на дозоволените брисеви по епидемиолошка индикација полека се зголемува. Закажувањето е преку Мој термин и работиме од понеделник до петок, а сега најново е дека и преку утрешниот ден, сабота, ќе биде возможно тестирање. Ново е што од денеска и инфектолозите ќе може да креираат упати, а земањето брисеви ќе биде во Инфективното одделение при градската болница, објаснува Николоска.

Директорот на прилепската градска болница Драган Богоески вели дека имаат доволно медицински персонал, а инфективното одделение е подготвено да прими пациенти со редна клиничка слика на заразеност.

-Инфективното одделение на прилепската градска болница со соодветни капацитети е подготвено да прифати пациенти кои се сомнителни или со средна клиничка сила на болеста во доволен број, плус дополнителен капацитет од осум кревети за да се сместат ако се случи да имаме поголем број на заболени од корона вирусот. Согласно со прпораките, превидено е да ги третираме среднотешките форми, додека пциентите со лесна клиничка слика останиваат во домашно лекување. немаме заболени од здравствените работници, ги имаме во доволен број. дел здравствени работници, по препораката на Владата, на пример со хронични зболувања, се дома, другите се во добра здравствена кондиција. Во моментов има само итни операции, збранети се посети, вели Богоески.

Прилепскиот градоналачник Илија Јованоски апелира на смиреност и да нема паника. Од утре ќе има засилена конторла на влезовите во градот со таканаречени „корита“ за дезинфекција на возачите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ