Во текот на изминатиот ден, трупите на Руската Федерација убија тројца жители на регионот Доњецк и повредија уште единаесет, пренесува Укринформ.
„На 25 септември Русите убија тројца цивили во регионот на Доњецк: двајца во Авдиевка и еден во Бахмут. Уште 11 лица беа повредени“, објави на Телеграм Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк.
Во моментов е невозможно да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха, истакна Кириленко.
Како што е соопштено, руските војници го нападнале Краматорск на 25 септември. Две ракети С-300 оштетија болница, станбени блокови и гаражи.
Руските напаѓачи ноќе го нападнаа регионот на Одеса со беспилотни летала камикази.
„Едно беспилотно летало е уништено од силите за противвоздушна одбрана. Два беспилотни летала погодија воен инфраструктурен објект. Евакуацијата на цивилното население беше организирана бидејќи избувна пожар од големи размери и детонирана е муниција“, објави Оперативната команда „Југ“ на Фејсбук.
Според првичните податоци, нема жртви. Пожарот се гаси, спасувачката акција е во тек, забележува Оперативната команда „Југ“.
Подготви: Д.Мишев