Тамадер бин Јусеф ал Рама денеска е именувана за функцијата заменик министер за труд и социјален развој на Саудиска Арабија. Таа е прва жена именувана на таква функција во историјата на земјата.
Како што претходно објави МИА, Саудијки до четврток ќе можат да се пријавуваат во војска во покраините Ријад, Мека, Ал-Касим и Медина. Саудиските жени не ќе можат да служат во борбени единици, но ќе може да работат на обезбедување. Одлуката за регрутирање е една од бројните реформи со кои се зголемуваат женските права во Саудиска Арабија.
Кралот Салман во јуни донесе декрет според кој жените ќе може да возат автомобил, а од минатиот месец дозволено им е да следат фудбалски натпревари на стадион.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.