• Latest

Во штипската касарна „Јане Сандански“ промовирани новите лесни оклопни возила JLTV

June 21, 2023
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Во штипската касарна „Јане Сандански“ промовирани новите лесни оклопни возила JLTV

June 21, 2023 16:04
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Модернизацијата на македонската Армија којашто се одвива согласно долгорочните планови, со кои сакаме да ги исполниме нашите заложби, односно да ги исполниме планираните цели на способности на НАТО, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на презентацијата на новите лесни оклопни возила JLTV на Армијата во штипската касарна „Јане Сандански“, на која присуствуваа и амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер и началникот на армискиот Генералштаб, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

 

Министерката Петревска истакна дека по шест возила од овој тип испорачани минатата годна, оваа година добивме уште 26, кои веќе се ставени во употреба и припадниците на Армијата соодветно се обучуваат за нивно користење.

– Во текот на наредниот период ќе следува испорака на уште вакви возила, се со цел да се комплетира и да се опреми со соодветно вооружување и опрема Лесната пешадиска бригада, која што всушност е наша НАТО декларирана  цел, истакна Петровска.

Таа забележа дека не може да имаме силна Армија ако има само опрема и вооружување, а без притоа да се обрне внимание и на човечкиот потенцијал.

– Како што напомнав во претстојниот период ќе следи повторно отворање на Законот за служба во Армијата. Минатата година јавноста беше информирана за сериозни исчекорувања и подобрување на тој Закон, рече Петревска.

Амбасадорката Агелер истакна дека ова е многу важен ден, посочувајќи дека  возилата  ќе бидат од голема корист за зголемување на интероперабилноста во рамките на НАТО. Таа додаде дека ова е навистина добар чекор во правец на понатамошниот процес на модернизација на Армијата.

– Би сакала да истакнам дека имаме навистина прекрасни партнерства тука во Северна Македонија со претставници од Владата, министерката за одбрана и други претставници во земјата со коишто имаме навистина одлични односи и ние ќе продолжиме со нашите заложби да обезбедуваме секаков вид на помош за ова партнерство и соработка да продолжат понатаму, рече Агелер.

На презентацијата на новите оклопни возила, на која се обрати и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, присуствуваа и членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

По настанот беше организирана кратка показна вежба со најновите и најсофистицирани оклопни возила на Армијата. Тие се дел од процесот на модернизација и опремување на Армијата со различни високософистицирани возила и опрема. Досега, во два наврати во земјава пристигнаа вкупно 32 возила од овој тип.

Фото: МО

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ