• Latest

Во Скопје и Софија охрабрувачки изјави за датум за преговори и за проблемот со името

February 17, 2018

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Скопје и Софија охрабрувачки изјави за датум за преговори и за проблемот со името

February 17, 2018 08:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателите на Македонија и на Бугарија, Ѓорге Иванов и Румен Радев, кој е во посета на Македонија, ќе иницираат потпишување договор за стратешка соработка меѓу двете земји. На прес-конференцијата, меѓу другото, тие зборуваа за Договорот за добрососедство и за спорот за името што Македонија го има со Грција. 

Радев изјави дека Софија поддржува решение на спорот за името меѓу Скопје и Атина кое нема да вклучува територијални делови од Бугарија и нема да засега трети страни. Бугарската позиција е јасна, посочи тој, „решението за името во спорот со Грција да не содржи географска одредница која во себе ќе вклучува територијални делови од Република Бугарија“. Бугарија, според него, не планира воведување на никакви санкции кон Македонија во однос на нејзините европски и евроатлантски интеграции во врска со преговорите за името и додаде дека овие преговори ја засегаат и Бугарија, но напомена дека верува дека ќе биде најдено решение кое е прифатливо и за Македонија и за Грција, кое нема да засега трети страни.

Претседателот Иванов рече дека преговорите за проблемот што Грција ги има со уставното име на Република Македонија ќе продолжат во ОН, при што македонската страна ќе се труди да се најде решение кое нема да биде на штета на трети држави и да ги инволвира во процесот.

Иванов и Радев

На заедничката прес-конференција, Иванов рече дека по потпишаниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, би било добро Скопје и Софија да склучат и договор за стратешко партнерство, какви што Македонија има со САД и со Турција. Радев ја оцени како многу важна иницијативата за склучување договор за стратешко партнерство, додавајќи оти ќе ја пренесе до Владата во Софија.

– Договорот за добрососедство со земја, која е членка на ЕУ и НАТО е најсилен доказ дека во македонскиот Устав нема одредби за иредентизам и територијални претензии, рече Иванов и потсети дека Бугарија беше првата земја што ја признала Република Македонија под уставното име.

Радев за Договорот за добрососедство рече дека не треба да остане само мртво слово на хартија, туку да биде незапирлив процес што ќе се унапредува.

Македонскиот претседател Иванов изрази благодарност за поддршката од Софија за македонските аспирации за ЕУ и НАТО и рече дека е реално да се очекува за време на бугарското претседавање со ЕУ, Македонија да добие датум за почеток на преговорите, како и покана за членство во НАТО.

Македонија и Бугарија работат интезивно на формирање експертски комисии, од кои едната ќе се фокусира на прашања од историјата и образованието на двете земји, со цел да се надминат евентуалните разлики и несогласувања.

Во Софија, пак, вчера се одржуваше неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Гимних на кој присуствуваше и македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров кој нагласи дека Македонија очекува датум за преговори до крајот на бугарското претседателство со ЕУ.

Димитров изјава Софија

– Правиме се што можеме во јуни да има политичка одлука и да ја убедиме Грција да биде дел од тој консензус за Македонија. Тоа ќе биде добра работа за Македонија, за Бугарија, за сите наши соседи, за Балканот, но и за Европа, рече Димитров пред вчерашната сесија на која учествуваа министрите за надворешни работи од ЕУ и на петте земји кандидатки од Западен Балкан. Димитров изјави дека следните денови очекува продолжување на преговарачкиот процес.

Могерини и Хан

Во Софија беше и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан кој изјави дека Европската унија е „сосема сигурна“ дека Македонија ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција пред јули. Запрашан дали спорот ќе биде решен до крајот на бугарското претседателство, што истекува во јуни, Хан одговори дека е „сосема сигурен во тоа“.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, која исто така беше во Софија рече дека дијалогот меѓу Скопје и Атина за прашањето за името е охрабрувачки и оти се надева оти наскоро ќе даде позитивни резултати.

– Сметам дека билатералните прашања како што е тоа за името се многу деликатни, а јавното мислење во двете земји е важно. Тоа значи дека е потребно политичко лидерство, голема храброст, решителност и јасна визија за тоа што е добро за сопствените граѓани. Многу сум ипресионирана од тековниот дијалог меѓу Атина и Скопје и подготвена сум да го поддржам на каков било начин, рече Могерини.

Екатерина Захариева

Очекување дека спорот за името ќе биде решен и Македонија за време на бугарското претседавање ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, искажа и бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа се надева дека на состанокот на Европскиот совет во јуни ќе се донесе одлука за отворање на преговорите со Македонија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаГрцијаЃорѓе ИвановМакедонијапосетаРумен Радев
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ