• Latest

Во Скопје никогаш вака не било! Арсовска и ВМРО-ДМПНЕ ги оставија граѓаните без превоз

November 22, 2022
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците

October 4, 2025

Шести ден изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Теарце Брвеница и Ѓорче Петров, СДСМ во Велес, Свети Николе и Чашка, „Независни заедно“ прес конференција во Скопје

October 4, 2025

Европа треба „сериозно да се справи“ со заканата што ја претставува Русија, порача украинскиот министер

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Аеродромот во Минхен е принуден да ги прекине летовите втор ден по ред поради забележани дронови

October 4, 2025
Фото: Скриншот

Хамас се согласува да ги ослободи израелските заложници, но бара измени во мировниот план на САД за Газа

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во Скопје никогаш вака не било! Арсовска и ВМРО-ДМПНЕ ги оставија граѓаните без превоз

November 22, 2022 13:47
in ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот превоз е во колапс, улиците се блокирани поради градежни работи, а граѓаните не можат да ги завршат обврските, да стигнат на работа или лекар, а учениците постојано доцнат во училиште.

Место да користат бесплатен превоз како што им беше ветено, скопјани мрзнат на автобуските станици и по еден час и се возат во технички неисправни автобуси доколку успеат да се качат бидејќи се претоварени.

Веќе вообичаено стана градоначалничката Данела Арсовска да не се чувствува виновна за оваа ситуација бидејќи како што вели проблемот е што буџетот е блокиран во Град Скопје со амандмани и тоа од партијата која ја донесе на власт па затоа не може да се исплати долгот кон превозниците, ниту пак да продолжат градежните работи по улиците.

-Цел месец доцнам на работа, прво протестираа ЈСП, после другите и ова е веќе неподносливо. Возниот ред не се почитува. Во Скопје никогаш вака не било, невиден хаос владее, од Аеродром до Центар некогаш патувам 40 минути, а толку чекам и автобус, вели скопјанка за ЦИВИЛ Медиа.

И за возачите оваа ситуација не е лесна, граѓаните се револтирани и најчесто се караат со нив.

-За линијата „5“не гледајте возен ред, не распределуваат на други линии за да покриеме каде фалат автобуси и затоа има гужви и се чека многу. Дополнителен проблем е што цел ден е раскопан, особено на потегот кај Народна Банка, а во центарот кај Макепетрол. Искрено и ние возачите сакаме да се нормализира оваа состојба.

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани – беше главното ветување на Данела Арсовска, за време на предизборната кампања, но една година по нејзината победа на изборите, граѓаните на главниот се возат во технички неисправни автобуси, чекаат на постојките и до еден час за да стигнат дома или на работа. Во последниот месец пак прво поради штрајкот на ЈСП, потоа на „Макекспрес“ а сега и на „Слобода превоз“ скопјани се оставени и без никаков превоз.

Арсовска и Славески играат пинг-понг

-Не може само со навреди и обвинувања да се работи. За да донесеме еко автобуси мора да видиме каков е буџетот, а тоа треба да добие и поддршка од мнозинството во Советот, рече денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која пред само една година вети бесплатен превоз за сите граѓани.

Бидејќи според Арсовска главен проблем за штрајковите на превозниците е неизгласаниот буџет, претседателот на Советот, Трајко Славевски вели дека Арсовска не само што не сакала да се донесе ребаланс на градскиот буџет за тековната година, туку веројатно се впуштила во авантура да ги оневозможи членовите на Совет на Град Скопје во законскиот рок да го донесат и буџетот за 2023 година.

-На 14 ноември оваа година се одржа редовна седница на Совет на Град Скопје, при што прва точка од дневниот ред беше изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2022 година (ребаланс на буџетот). Седница за ребаланс на буџетот беше првично планирана за 21 октомври, но на барање на Кабинет на градоначалникот Данела Арсовска, датумот беше неколку пати поместуван, за седницата да се одржи на само еден ден пред истекот на законскиот рок за носење на ребаланс на буџет (15 ноември) од страна на Совет на Град Скопје. Ова е првиот индикатор за несериозноста во пристапот на градоначалникот со управувањето на финансиите на главниот град на Република Македонија“, објаснува Славески.

Во рокот за доставување амандмани, биле поднесени 14 амандмани од страна на советниците. Во текот на амандманската расправа, со мнозинство гласови биле усвоени повеќе амандмани. По завршување на амандманската расправа, а и во текот на дискусијата по одделни амандмани,  од страна на претставник на Сектор за финансии при Град Скопје било укажано дека некои од нив би можеле да ја нарушат рамнотежата на буџетот.

За членовите на Совет на Град Скопје ова било јасно и на предлагачот му било укажано дека во ваков случај градоначалникот има две опции: прво, целосно да го повлече предлогот за изменување и дополнување на буџетот; или второ, да достави сопствени предлог-амандмани на текстот со кои ќе се воспостави рамнотежата со вклучените амандмани претходно усвоени од страна на советниците.

-По едночасовна пауза, градоначалникот Арсовска го извести Советот дека тие немаат никаков предлог, по што членовите на Совет со мнозинство гласови ги донесоа измените и дополнувањата на Буџет на Град Скопје за 2022 година. Со ваквата постапка станува очигледно дека градоначалникот Арсовска немала интерес од носење на коректен ребаланс на буџетот на Град Скопје, за подоцна вината да ја префрли врз советниците, со кои воопшто не соработува при подготовката на значаен документ како што е ребаланс на буџетот. Уште повеќе, на само неколку недели пред рокот за доставување на буџет на Град Скопје за наредната, 2023 година, никој од членовите на Совет кои треба да дискутираат и да го донесат буџетот нема никаква информација и отсуствува било каква координација на релација Совет – градоначалник“, објаснува Славески.

На Арсовска постојано некој и е виновен

Пред само еден месец Арсовска вината за штрајкот на ЈСП ја наоѓаше во Владата, од која што бараше решение за неисплатените плати на вработените.

На обвинувањата на Арсовска, Владата одговори дека немаат долг кон ЈСП – Скопје, а состојбата во која што се наоѓа претпријатието, според нив, е показател дека општините неодговорно менаџираат со средствата наменети за превоз на учениците и навремено не ги подмируваат обврските.

Владата ги повика локалните самоуправи кои ги користат услугите на ЈСП – Скопје подобро да ги менаџираат своите буџети и редовно да ги подмируваат долговите кон јавното претпријатие, за да не се доведе во прашање неговото нормално функционирање во услови на економска и енергетска криза.

Претходно од СДСМ обвинија дека „заради неспособност, тендери и провизии, заради рацете во медот на кадрите на Мицковски, градскиот превоз во Скопје и ЈСП се доведени пред колапс“. Вината за овој колапс, според нив, е целосно во локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје и нивната градоначалничка којашто тие ја промовираа, ја поддржаа и којашто ја избраа на чело со „медарот Христијан Мицкоски“.

На последните обвинувања се огласија и од „Белата палата“. Од таму велат дека „Буџетот на градот е блокиран поради неспособноста на Арсовска и желбата да прави политика“.

-Не се вистина тврдењата дека буџетот е блокиран поради нас, туку тој е блокиран поради неспособноста на Арсовска и желбата да прави политика дури и од носење на ребаланс. Ребалансот е изгласан така како што беше предложен од Арсовска и градот Скопје дополнет со амандмани предложени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за помош на ФК Вардар, за субвенции за социјално ранливи категории, за други инфраструктурни проекти. Ставките од кои се црпеа овие средства се истите кои беа ставени на увид од градот Скопје. Арсовска е должна да каже зошто е потрошено повеќе средства од тоа што е прикажано, и зошто не ја прифати отворената понуда на поранешниот министер за финансии и актуелен претседател на Совет Трајко Славески да се состави амандман со кој ќе се изнајдат средствата кои се потребни за исполнување на амандманите. Арсовска свесно го доведе градот во ситуација на блокада за да потоа го обвини ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да политизира нека се стави над ситуација и нека почне да решава проблеми, стои во соопштението од „Белата палата“.

С.Танеска


Една напред за Данела Арсовска, три години назад за Град Скопје и скопјани

Print Friendly, PDF & Email
Tags: автобусАрсовскаГрад СкопјеМицковскипревоз
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ