• Latest
Фото: МИА

Во Скопје се одржува конференција за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје

October 3, 2024

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Во Скопје се одржува конференција за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје

October 3, 2024 08:42
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Стејт департментот и регионалната иницијатива  Балканската безбедносна мрежа (BSN) денеска и утре во Скопје ќе се одржува конференција за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје (ACW) на регионалната и меѓународната безбедност, како и за стратегиите на соработка за зајакнување на контролата, намалување на зависноста и наоѓање одржливи алтернативи.

Како што најавуваат организаторите, конференцијата треба да ја отвори заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски, а учесници се експерти од САД, ЕУ, регионот и земјата, пренесува МИА.

Дводневната конференцијата вклучуваа експертски панел дискусии со детална анализа на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје и стоките со двојна намена со фокус на режимите на меѓународна контрола вклучувајќи ги санкциите на ЕУ и САД, како и специфични предизвици од оваа област кои произлегуваат од руската инвазија на Украина. Ќе се разгледаат студии на случаи – примери од регионот за последиците од кршењето на санкциите преку ре-извоз на технологии со двојна намена со воена намена. Покрај тоа ќе се направи увид од регионот со преглед на трендовите на диверзификација и модернизација на вооружените сили на Црна Гора, Србија, Словенија, Северна Македонија и други земји во регионот, со посебен осврт на преминувањето од стари ACW со советско/руско потекло на други решенија. Фокус ќе се стави на значењето на информирањето на јавноста за споменатите теми и улогата на стратешките комуникации во борбата против дезинформациите во областа на напредно конвенционално оружје.

За време на дводневната конференција ќе се одржи и панел дискусија на тема „Надвор од претседателските избори: Стратешкиот императив на одбранбената модернизација и соработка„ Слично како неодамнешните избори во Северна Македонија и низ целата евроатлантска сфера, претстојните претседателски избори во САД се набљудуваат со мешавина на неизвесност и исчекување. Надвор од непосредните, изборните промени, трајните стратешки императиви остануваат константни. Основите на политиките за национална безбедност и одбрана – засновани на долгорочно планирање и заеднички интереси. Во ерата обележана со оживувањето на конкуренцијата на големите сили и војната на европско тло, императивот за модернизација на нашите национални одбранбени способности и продлабочување на координацијата меѓу сојузниците никогаш не бил повитален. Зборувајќи од регионален аспект, немаше да се реши ниту еден проблем на Балканот во последните три децении, доколку САД и Европа не беа синхронизирани. Важно за стабилноста на трансатлантската заедница е кохезијата меѓу партнерите.

-Собирот е наменет за претставници на државни институции, академската заедница, истражувачки и научни институции, невладини организации, медиуми и други заинтересирани страни. Цел на конференцијата е размена на знаења во областа на пролиферацијата на ACW и стратегиите на диверзификација преку собирање на домашни, регионални и меѓународни експерти и други заинтересирани страни, информираат организаторите.

Национален координатор на проектот на Балканската безбедносна мрежа за Република Северна Македонија е универзитетскиот професор по безбедност Марјан Ѓуровски.

-Придобивки од проектот се обезбедување детален увид во предизвиците на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје во регионалниот и меѓународниот контекст, согледување на меѓународните напори за зајакнување на контролата и намалување на зависноста, запознавање со националните, регионалните и меѓународните искуства во намалувањето на зависноста и наоѓањето на одржливи алтернативи во областа на напредно конвенционално оружје, можности за вмрежување и градење партнерства, се наведува во најавата.

Tags: Балканската безбедносна мрежа (BSN)Контрола на оружјетоконференцијаСтејт Департмент
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ