• Latest
Добро утро со Орданоски

Во слава на Горан Стефановски

November 28, 2018

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Во слава на Горан Стефановски

November 28, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност“, ќе рече Цибра во „Тетовирани души“.

Ете ви ја целата македонска современа судбина во една реченица на Горан Стефановски. Од вчера, и тој е дел од нашето, пославно, минато кое никогаш, за среќа, нема да си отиде.

Во неговите драми вакви лапидарни генијалности на умот има колку сакате – на пример, половина реплики од „Диво месо“. Начинот на кој Горан драматуршки го капсулираше македонскиот дух, тоа постојано летање во место, таа стаклена менажерија од фатализам, непрактична сентименталност, потиснат гнев и итроштина на опстанокот, како во долга и не многу весела (иако, често, унковистички духовита, но секогаш на сопствена сметка!) етнографска студија, далеку ги надминуваа врвовите на театарскиот занает.

Всушност, Горан слободно можете цел семестар да го предавате на катедрите за современата македонска национална историја или на оние за социјална психологија и студентите и да не забележат дека зад таа материја стои драмски автор. Оти, Горан, одозгора, беше драмски автор, ама под дуплото дно и филозоф и социолог и психолог и политолог…

На неговите претстави цела нација одеше како настинати на бајачка, со голема возбуда, неизвесност и високи очекувања, за Горан да ни побае, како оџата со пердув, да ни види во талогот од кафето дали нè чека писмо или долго патување и колку е длабока дупката таа црна.

Беше ужасен ерудит, со цинизмот карактеристичен на демоните од едно Дебар Маало: ем ќебапи, ем сеир, ем Шекспир… “Љубов водат само кучињата и Циганите. Другите пресметуваат проценти.” Ова, од „Диво месо“, нема каде на друго место да се чуе, освен по лизгавата скопска калдрма каде што се служи десетка со кромид и луто пиперче. Но, не без некаков дигресивен шекспиријански солилоквиум, долг и сочен монолог – замислете го, своевремено, Ненад Стојановски, токму во „Диво месо“, на пример – во кој главниот актер ќе ни ја опише тегобноста на нашето минато, сегашно и идно постоење, во време, простор и смисла. Туше!

Нормално дека Македонија беше премала за него, не можеш тој дух да го држиш во шишенце, па макар и за парфем! Ситуацијата, во смисла на широчината на менталниот простор, драматично се влоши по распадот на Југославија. Не само заради тоа што околната географија му (ни!) се смали, како чаршаф по штиркање, туку и затоа што духовното милје наеднаш стана премногу провинцијално, ситничаво, исполитизирано, речиси битово, локал-патриотско, токму како во неговите драмски текстови… Не можеш ти бозаџија да го учиш што е боза!

Замина од Македонија, а потоа недоволно често навраќаше, иако повремено ќе чуевме за некој негов европски и светски успех. Светот е голем, местимично и убав, ама тој нам овде ни фалеше, како Чернодрински да ни се врати дома!

Од кого, сега, ќе ја учиме бушавата азбука на нашиот живот?! Од денеска, без Горан, ќе мораме да се застапуваме сами!

Нему славата, секако, ќе му биде вечна.

 

 


Преземање на содржините од оваа рубрика Е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share1325Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ