• Latest
Добро утро со Орданоски

Во слава на Горан Стефановски

November 28, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Во слава на Горан Стефановски

November 28, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност“, ќе рече Цибра во „Тетовирани души“.

Ете ви ја целата македонска современа судбина во една реченица на Горан Стефановски. Од вчера, и тој е дел од нашето, пославно, минато кое никогаш, за среќа, нема да си отиде.

Во неговите драми вакви лапидарни генијалности на умот има колку сакате – на пример, половина реплики од „Диво месо“. Начинот на кој Горан драматуршки го капсулираше македонскиот дух, тоа постојано летање во место, таа стаклена менажерија од фатализам, непрактична сентименталност, потиснат гнев и итроштина на опстанокот, како во долга и не многу весела (иако, често, унковистички духовита, но секогаш на сопствена сметка!) етнографска студија, далеку ги надминуваа врвовите на театарскиот занает.

Всушност, Горан слободно можете цел семестар да го предавате на катедрите за современата македонска национална историја или на оние за социјална психологија и студентите и да не забележат дека зад таа материја стои драмски автор. Оти, Горан, одозгора, беше драмски автор, ама под дуплото дно и филозоф и социолог и психолог и политолог…

На неговите претстави цела нација одеше како настинати на бајачка, со голема возбуда, неизвесност и високи очекувања, за Горан да ни побае, како оџата со пердув, да ни види во талогот од кафето дали нè чека писмо или долго патување и колку е длабока дупката таа црна.

Беше ужасен ерудит, со цинизмот карактеристичен на демоните од едно Дебар Маало: ем ќебапи, ем сеир, ем Шекспир… “Љубов водат само кучињата и Циганите. Другите пресметуваат проценти.” Ова, од „Диво месо“, нема каде на друго место да се чуе, освен по лизгавата скопска калдрма каде што се служи десетка со кромид и луто пиперче. Но, не без некаков дигресивен шекспиријански солилоквиум, долг и сочен монолог – замислете го, своевремено, Ненад Стојановски, токму во „Диво месо“, на пример – во кој главниот актер ќе ни ја опише тегобноста на нашето минато, сегашно и идно постоење, во време, простор и смисла. Туше!

Нормално дека Македонија беше премала за него, не можеш тој дух да го држиш во шишенце, па макар и за парфем! Ситуацијата, во смисла на широчината на менталниот простор, драматично се влоши по распадот на Југославија. Не само заради тоа што околната географија му (ни!) се смали, како чаршаф по штиркање, туку и затоа што духовното милје наеднаш стана премногу провинцијално, ситничаво, исполитизирано, речиси битово, локал-патриотско, токму како во неговите драмски текстови… Не можеш ти бозаџија да го учиш што е боза!

Замина од Македонија, а потоа недоволно често навраќаше, иако повремено ќе чуевме за некој негов европски и светски успех. Светот е голем, местимично и убав, ама тој нам овде ни фалеше, како Чернодрински да ни се врати дома!

Од кого, сега, ќе ја учиме бушавата азбука на нашиот живот?! Од денеска, без Горан, ќе мораме да се застапуваме сами!

Нему славата, секако, ќе му биде вечна.

 

 


Преземање на содржините од оваа рубрика Е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share1291TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ