• Latest
Фото: МИА архива

Во Србија подготвен План за кризи за обезбедување експертска поддршка на вработените, децата и родителите

May 7, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Србија подготвен План за кризи за обезбедување експертска поддршка на вработените, децата и родителите

May 7, 2023 10:55
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование, Министерството за здравство, УНИЦЕФ, Тимот за интервенција во психолошка криза во заедницата, Филозофскиот факултет, Друштвото на психолози на Србија, Училишниот тим за кризни ситуации и вработените во ОУ „Владислав Рибникар“ подготвија План за интервенција во кризи. Планот предвидува организирано обезбедување стручна индивидуална и групна поддршка на вработените, децата и родителите, организирано враќање и подготовка на децата за враќање на училиште, кој МИА во целост го пренесува.

Организираната професионална, индивидуална и групна поддршка започна вчера и во наредниот период ќе ја обезбедуваат психијатри и психолози од Институтот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија, Здружението на психолози во термини што ќе се достават до родителите.

Формиран е Училишен тим за интервенција во кризи кој ќе го организира враќањето на учениците на училиште и ќе ги информира родителите за деталите преку редовни канали за комуникација. Со цел да се подготват учениците за враќање на наставата, ќе се одржат состаноци на Советот на родители, Советот на наставници и родителски средби со родителите на учениците од паралелките кои беа најдиректно нападнати.

Учениците ќе се вратат на настава следната недела, во циклуси, почнувајќи од среда, 10 мај. Од понеделник, 8 мај и секој нареден ден, ќе се организира прием, односно продолжен престој за учениците од прво до четврто одделение.

Планот за активности ќе биде приспособен на потребите во текот на неделата, а Министерството за образование и Министерството за здравство ќе му дадат советодавна и стручна поддршка на училиштето.

Стручна поддршка ќе биде дадена во музичките и балетските училишта кои ги посетуваа трагично настраданите ученици, како и во училиштата во Смедерево и Младеновац, каде ќе се формираат Училишни кризни тимови и ќе се обезбеди стручна психолошка поддршка за учениците, вработените и родителите.

Исто така, министерот за образование Бранко Ружиќ и министерот за државна администрација и локална самоуправа Александар Мартиновиќ се договорија локалните совети за безбедност, во кои се вклучени сите државни сектори и јавни служби на локално ниво, да бидат вклучени во поддршката на учениците, нивните родители, вработените и во сите училишта во Србија, бидејќи без оглед на тоа што многу деца не биле вклучени во настанот, веќе имале сознание, и можат да покажат одредени реакции на трауматичниот настан, за што е потребна поддршка од заедницата.

 

Tags: ДецаПлан за кризиСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ