Новиот вид на коронавирус, кој првпат се појави во Велика Британија, „пристигнал во Србија“, изјави претседателот Александар Вучиќ, за што бил известен министерот за здравство, Златибор Лончар.
„Патничка од Лондон, која беше негативна на PCR-тестот, го донесе тој вид, нејзиниот сопруг имаше сериозни симптоми“, истакна Вучиќ за ТВ Прва и додаде дека ги испитале сите контакти на таа жена и се обиделе да ги изолираат.
Нивните контакти веднаш се изолирани.