Официјалниот украински пазар „Made with bravery“, shop.brave.ua, создаден од EVO и поддржан од Министерството за надворешни работи на Украина, Министерството за дигитална трансформација на Украина, Visa и Banda е лансиран!
Пазарот ги собра украинските производители, кои создаваат, изработуваат и испорачуваат и покрај сè. И сега вие можете да ја поддржите нивната храброст со купување на украински производи.
5% од секое купување (+дополнителни 5% при плаќање со Visa картичка) ќе бидат префрлени за обнова на Украина на платформата за собирање средства иницирана од Претседателот на Украина United24 Укрпошта, националниот поштенски оператор, е логистички партнер на проектот, кој обезбедува испорака во странство.
Проектот е поддржан од Министерство за дигитална трансформација на Украина, Министерство за надворешни работи на Украина, Канцеларијата за Бизнис развој и извоз.
Подготви: Д.Мишев