Денешниот избор на статус на денот во редовната рубрика на ЦИВИЛ Медиа „падна“ на фејсбук статусот на професорката Мирјана Најчевска, а кој се однесува на актуелната реконструкција на Владата.
https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10215817471044562
„Не признавам реконструкција на Владата без исфрлање на бизнисменот на кого ептен не му е местото таму од Владата. Анѓушев мора да биде тргнат од функцијата.
И не признавам реконструкција на Владата без поставување на функцијата министер за животна средина на човек кој ќе се бави со заштита на животната средина, а не нејзино уништување“, пишува Најчевска.