Војниците на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, испратени да се борат во Украина, застрелаа неколку руски војници кои се побунија поради неплаќањето на ветените пари и одбија да се борат, соопшти портпаролот на украинската војска во Запорожје, полковник Иван Арефиев, пренесува Заксид.нет.
Инцидентот се случил во областа Полохи во областа Запорожје. Според портпаролот, кадировците брутално убиле тројца поттикнувачи на бунтот, кои биле подготвени да го предадат оружјето и да си одат дома.
Во исто време не престанува и снабдувањето со оружје на руската армија во областа Запорожје.
Треба да се забележи дека во регионот Запорожје во близина на градот Полохи во последните денови ситуацијата се влоши. Таму продолжува офанзивата на руската армија. На овој терен десетици населени места во регионот останаа без струја и вода.
Претходно, основачот на Тимот за разузнавање конфликти, Руслан Левиев, рече дека до 40% од руските војници кои веќе биле испратени во војната во Украина одбиваат да се вратат и да се борат против украинските војници. Таквите војници масовно се евидентирани во речиси секоја единица повлечена од Украина.
Подготви: Жорж Димовски