• Latest

Во земјава 201 заболен од Ковид-19, идната недела пристигнуваат респиратори, заштитни маски и тестови

March 27, 2020

Роман Шеремета: Средба меѓу воен злосторник, диктатор и губитник

November 20, 2026

Додека другите слетуваа со приватни и државни авиони на АПЕК, мексиканската претседателка одржа лекција по скромност и лидерство

November 20, 2026
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Во земјава 201 заболен од Ковид-19, идната недела пристигнуваат респиратори, заштитни маски и тестови

March 27, 2020 08:36
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 201 лице во земјава се заболени од коронавирусот. На Клиниката за инфективни болести вчера е испишан еден пациент од Дебар, кој е пратен на домашно лекување во добра општа состојба со два негативни последователни теста, а се очекува да биде пуштена на домашно лекување уште една пациентка од Скопје чии два последователни тестови се негативни. Со тоа досега тројца се излекувани, а тројца пациенти се починати.

Најголем број случаи се во Скопје (123), по што следат Дебар (43) од кои двајца починати, Куманово (15) од кои еден починат, Штип (осум), Велес (три), Охрид (три), Кавадарци (два), Прилеп (два), Гостивар (еден) и Тетово (еден).

Нов регистриран случај заболен од коронавирус е пациентот од Тетово кој од 9 до 23 март престојувал во Заводот за рехабилитација во Капиштец. По неговото враќање во Тетово заради зголемена температура му бил направен тест и тој преку тетовското инфективното одделение е препратен за хоспитализација на Инфективната клиника во Скопје. Вчера интензивно работел тим епидемиолози, а тестирани се 14 здравствени работници и четири пациенти кои биле во контакт со него.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека од следната недела ќе има мобилни тестирања, а Куманово ќе биде еден од првите градови каде ќе се зголеми бројот на тестирања по мобилен пат.

Во Велес каде веќе се потврдени три случаи, министерот најави зајакнување на епидемиолошката служба со еден или двајца епидемиолози кои ќе бидат испратени во текот на денешниот ден, а следната недела и мобилна екипа.

Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500 илјади маски и 20 илјади тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот. Филипче вчера рече дека добиле одговор од повеќе донатори, преку норвешката Влада за респираторни машини кои ги очекуваат на почетокот на април, а следниве денови ќе добијат одговор и од кинеската амбасадата од која побарале донација пред неколку недели.

Засега прогнозите на надлежните остануваат дека пикот на вирусот ќе биде кон крајот на април и оти бројката на заболени ќе достигне до околу две илјади лица. Сепак, министерот најавува детална анализа за очекувањата и за временскиот интервал кога што би можело да се очекува. Анализата, како што посочи, би била готова во текот на викендов или на почетокот на следната недела.

Според министерот, вонредната состојба и мерките што се воведоа се сосема доволен механизам да се постигне крајната цел, а тоа е ограничување на движењето. Нагласи дека очекува да даде резултат значајното зголемување на часовите на ограничување на движење, односно полицискиот час за време на викендот.

За да се спречи ширење на заразата за викендов ќе важат дополнителни рестриктивни мерки. Во сабота и недела за сите граѓани ќе биде забрането движењето од 16 часот до 5 наредниот ден.

Остануваат да важат и претходните забрани – полицискиот час од  21 до 5 часот и забраната за излегување надвор за постари од 67 години (од 11 до 5 часот) и за помлади од 18 години (од 21 часот до 12 наредниот ден).

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ