Генералното собрание на советот за безбедност на ОН ја одржува 11 та „итна, вонредна сесија“ со цел сите членки на светската организација да се изјаснат за руската инвазија врз Украина.
Резолуцијата, предложена од САД и Албанија, синоќа ја усвоија 11 земји. Русија гласаше против, додека Обединетите Арапски Емирати, Кина и Индија беа воздржани. Ветоте не е можно според сегашните регулативи на ОН кога станува зборза ваков вид на резолуција.
Согласно процедурата воспоставена во 1950 година наречена „Обединување за одржување мир“, усвоената резолуција не може да биде предмет на вето на постојаните членки на Советот за безбедност, вклучително и Русија.
Вонредната седница се очекува да трае најмалку цел ден.