Во Скопје од денеска се одржува „Самит Македонија 2025“. Фокусот на годинашниот самит е просперитетни економии преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство.
На отворањето на Самитот се обраќања премиерот Димитар Ковачевски и извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевска.
На 12-тото издание на овој престижен регионален настан, во вкупно 13 панели со актуелни теми, своите искуства и знаења ќе ги споделат 40-тина врвни говорници.
„Самитот Македонија 2025“ е врвен регионален собир кој служи како платформа за споделување знаење, поврзување на организациите и инспирација за промени во Југоисточна Европа. Секоја година на Самитот присуствуваат креатори на политики, лидери на компании кои работат во регионот, членови на дипломатскиот кор и на меѓународни организации, како и претставници на академската и на граѓанската заедница.