• Latest

“Wall Street Journal”: Помилувањето кое го потпиша претседателот на Македонија поттикна граѓански немири

April 15, 2016
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

“Wall Street Journal”: Помилувањето кое го потпиша претседателот на Македонија поттикна граѓански немири

April 15, 2016 15:40
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Улични протести еруптираа во главниот град, САД и Европските официјални лица го осудуваат помилувањето. Одлуката  на македонскиот претседател за помилување на политичари обвинети за измама и корупција, предизвика масовни улични протести во главниот град на земјата и поплаки од Европската унија и САД,  кои изразија загриженост за назадување на демократското владеење на територијата на Источна Европа.

Тензиите доаѓаат во непријатно време за ЕУ, бидејќи Унијата се потпира на малата поранешна југословенска земја да ја блокира Балканската миграциска рута. Стотици илјади бегалци и мигранти го користеле тој пат за да стигнат до северна Европа во текот на изминатата година.

13001206_946391732145963_4769788297410034773_n

Во среда навечер, демонстрантите ја демолираа Нардоната канцеларија на Претседателот во центарот на главниот град, Скопје. Покрај новите протести кои се планирани од активисти на граѓанското општество и од опозицијата, приврзаниците на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ  се мобилизираа за контра-демонстрации, иако партијата, исто така, ја критикуваше јавно одлуката на претседателот за помилување.

“Ситуацијата е непредвидлива, и надвор од контрола”, вели Борјан Јовановски, главен уредник на интернет порталот Нова ТВ, кој е критички настроен кон Владата. “Одлуката на претседателот за помилување беше шокантна, таа претставува блокада за владеењето на правото, и тоа би можело сериозно да ја дестабилизира и онака нестабилната ситуација.”

ЕУ и САД го осудија помилувањето кое го потпиша претседателот Ѓорге Иванов, кој во вторникот амнестираше 56 политичари и други личности кои се под истрага на независното Специјално јавно обвинителство за наводна злоупотреба на моќта. Овој потег ефикасно ја неутрализира истрагата, која започна минатата година, како дел од посредувачкиот напор на ЕУ да се смири политичката криза предизвикана од обвинувањата.

САД и ЕУ дипломатите лобираа во четвртокот, Иванов да ја поништи својата одлука. Висок официјален претставник на ЕУ изјави дека западните земји ќе се движат агресивно против лидерот на ВМРО, Никола Груевски и против други високи македонски функционери, ако помилувањето остане. Меѓу можните казни под дискусија се: забрана за патување во Шенген-зоната на ЕУ за високи македонски политичари, повлекување на помошта за Скопје за мигрантската криза, како и запирање на поддршката за кандидатурите на земјата за членство во ЕУ и НАТО, изјави официјално лице од ЕУ.

13006485_946384045480065_3892073370464285992_n

Претседателот Иванов изјави дека помилувањето е неопходно и ќе овозможи Македонија да излезе од политичката криза.

Претставници на ЕУ ја нагласија нивната загриженост за наклонување кон националистичка и авторитарна политика во делови на пост-комунистичка Европа  во последниве години.

Македонија се одржа како моќен пример за демократска транзиција до 2000-та година, но оттогаш нејзиното управување  оди кон полошо. Според новиот извештај на американската експертска група „Фридом Хаус“, резултатите на Македонија во различни аспекти на либералната демократија се намалени во текот на изминатата деценија, а “популистичка владејачката елита” ја “уништи можноста за проверка и рамнотежа”. Непрофитната организација „Репортери без граници“ вели дека слободата на медиумите  нагло се намали.

Еден извор на проблемот е спорот на Македонија со соседна Грција, која верува дека името “Македонија” треба да биде резервирано за северниот грчки регион кој исто така, се нарекува Македонија. Грција во последниве години го блокираше обидот на Македонија да започне преговори за членство со ЕУ и НАТО, со што македонските надежи за приклучување кон најважните организации на Западот се надвор од дофат.

По долги години посредство на САД, неуспешен е обидот да се најде заемно прифатливо име за државата. Континуираната изолација го уништи поттикот на владетелите на земјата да се држат до западен курс на домашната политика.

“Гниењето започна во моментот кога земјата ја изгуби таа клучна европска перспектива”, изјави Џејмс Кер-Линдзи, специјалист за југоисточна Европа од Лондонскиот факултет за економија. Портпарол на Министерството за надворешни работи на Грција рече дека тие ја поддржуваат Македонија во европските аспирации –  но тоа е условено со решавање на спорот околу името.

12967299_946350525483417_986460126056503806_o

Скандалот  кој ја тресе Македонија експлодираше во февруари 2015 година, кога опозицијата ја обвини владата на тогашниот премиер Груевски, доминантен политичар во земјата во текот на изминатата деценија, за злоупотреби, вклучувајќи користење на разузнавачките служби да прислушуваат 20.000 службеници, новинари и други граѓани.

Опозицијата ги објави аудио снимките, од највисоките функционери, вклучувајќи го и премиерот кои наводно разговараа за нелегални активности. Груевски негира дека сторил нешто лошо и ја обвини опозицијата дека со користење на лажни снимки подготвува заговор за државен удар.

Тим од независни правни експерти, испратени од Европската комисија, објави во јуни 2015 година, дека аудио снимките “обезбедуваат индиции за незаконски активности и злоупотреба на власта од страна на високи владини претставници.”

„Се чини дека високи партиски и владини членови се вклучени во изборни измами, корупција , уцени, изнуда, непотизам и кронизам“, изјавиа експертите, предводени од поранешниот официјален претставник на ЕУ Рајнхард Прибе.

Под притисок на ЕУ, владата и опозицијата се согласија да се одржат избори на почетокот на 2016 година, следејќи ги реформите и независната истрага за наводите на прислушкување. Во јануари, како дел од тој договор, Груевски се повлече барем привремено како премиер во пресрет на изборите, кои се закажани за јуни. Се очекува дека неговата партија ќе победи.

Опозициските социјал-демократи, рекоа на почетокот на овој месец дека ќе ги бојкотираат изборите, повикувајќи се на недостаток на реформи кои не обезбедуваат балансирано поле за политичка игра. Официјални претставници на ЕУ, пред одлуката за помилување, ја притискаа опозицијата  да го повлече бојкотот. По потегот на помилување, ставот на ЕУ е дека сегашните околности не овозможуваат простор за слободни и фер избори во јуни.

12983931_10153625147756158_3195958785998283408_o

Официјални лица од Брисел веруваат дека целта на одлуката на претседателот Иванов за помилување е да го олабави стисокот врз ВМРО-ДПМНЕ и кругот околу Груевски. Некои дипломати во Скопје сметаат дека, сепак, Иванов можеби дејствувал без одобрение на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски на прес-конференцијата во четвртокот изјави дека помилувањето кое го потпиша Иванов беше грешка, бидејќи истрагите ќе докажаат дека нелегалните дејствија биле спроведени исклучиво од опозицијата.

(Текстот е објавен вчеравечер по македонско време во електронското издание на Wall Street Journal)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Wall Street JournalпомилувањепретседателПротестЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ