• Latest

Волја можеби има, но време има сѐ помалку

August 27, 2018
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Волја можеби има, но време има сѐ помалку

August 27, 2018 13:46
in ЗЕЛЕНИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во свет кој упорно негира дека е пред еколошки колапс, многу е тешко да се зборува за еколошка правда, заштита на животната средина и зачувување на природата, а истовремено да се користат бенефициите од технолошкиот развој.

Пишува: Биљана Јордановска

Многумина излезот го бараат во глобални решенија наспроти барање излез во потесен круг на поединецот, заедницата или нацијата, секој со сопствените ограничувања и ресурси.

Но, се користи истиот јазик за решавање на конфликтни ситуации. Судирот на интереси секогаш води кон профит за малкумина, а да преживееме сакаме сите. За тоа се потребни минимум чист воздух, вода, зеленило и здрава исхрана.

А, не е така. Она што загрижува е што сите знаеме, ама немаме волја, желба или потреба нешто да преземеме. Затоа што секогаш, нели, постои некој друг што и за нас ќе се погрижи.

Од елементарните (наследени) обиди да се грижиме за околината, како што се грижиме за сопствениот дом, до високо развиени стратегии и начини на справување со еколошката криза, секогаш како препрека се јавува нечија свест.

Креирањето на јавното мислење и јакнењето на јавната свест дека поединечните одлуки влијаат на колективното однесување, како целина во едно општество, бара труд и време.

Волја можеби и има, но време има сѐ помалку. За да се достигне тој степен на свесност дека најмногу од природата зависиме, а најблаго речено, природа сѐ помалку имаме, очигледно е дека треба конечно да почнеме да се однесуваме како свесни битија.

Точно е дека уште од деца нѐ учат нашите родители, воспитувачи, наставници, професори, каде треба да го фрламе ѓубрето, како да го складираме, зошто треба да се садат дрвја, да се негуваат зелените површини, да не се гази тревата, да се оди на планина, зошто е подобро да се вози велосипед, отколку автомобил… Но, кога во развојот ќе стигнеме до лекциите што значи слобода, еднаквост, достоинство, колку чини здравјето и среќата, како се манифестира љубовта, доаѓаме во состојба на заборавање на едни вредности на сметка на други.

И не е новина, ниту измислица на денешнината, но во светот, зелените алтернативи се определувачки фактор за продолжување на животот на планетата Земја, а со тоа и на сите живи суштества. Иако свесен, човечкиот род е најголемиот загадувач и уништувач на природата. Уште еден факт што сите го знаат и никој не го негира.

Тогаш зошто (несвесно во нашето свесно) упорно и деструктивно придонесуваме кон убиството, првенствено, на самите себеси?

Во земја како, на пример, Македонија, тешко дека може да се надминат апстрактните вредности наспроти примарните и реалните. Ако едно општество повеќе вреднува статуи и градежни карикатури како елемент на самоопределување, ако гради култ на традиции што разоруваат, отколку што сплотуваат, дури и поставување канта за отпадоци во една улица ќе наиде на конфликт.  И набргу таа канта ќе ја снема, ќе добие конкуренција или, едноставно од инает, нема ни да се постави, па наместо никој, сите ќе се дават во минијатурни депонии.

Сите го знаеме одговорот – самите сме виновни за ваквото девастирачко однесување. Но, што влијае на ваквото однесување?

Ќе се вратам на еколошката правда. Ако таа по дефиниција подразбира правично однесување кон животната средина и природата, и секој неправичен исчекор подлежи на санкции и казни регулирани со закони, тогаш зошто фигурира бледо како збор и мисла, но не и дело?

Одговори има многу. Сепак, зависноста и верижната реакција во синџирот на животот, оној цивилизацискиот, е многу поголема отколку што самите си признаваме… И тука прва збор ќе земе социјалната правда, па во тој контекст сиромаштијата, која придонесува кон уништување на човечкото достоинство, за среќа да не зборуваме, економската благосостојба како недостижен сон, а на сета мака уште се таложи и непристапноста до разбирање, хуманост, солидарност и помош… Лична слобода? Скапа играчка за оние што со пари можат да ја купат.

И сето ова треба да се надмине, во едно општество, како на пример, Македонија, за да се дојде до степен не само да се зборува и локално да се делува, туку доследно да се пренесува знаењето и праксата за значењето за еколошката правда, па зелените вредности, па заштитата на животната средина, а понатаму и глобалната свест и потреба за грижа за планетата Земја. Сето тоа – почнувајќи од сопствениот двор, кон сопствената улица, преку градот и државата, првиот сосед, континентот и целиот свет, па сѐ до универзумот.

Волја има, едукација во напредна фаза… Време, сѐ помалку.


Текстот е објавен на greencivil.mk

Tags: Еко ставеколошка правдаживотна срединаМакедонија
Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ