ВЕСТ НА ДЕНОТ: Европска Унија донира 4 милиони евра, а САД преку УСАИД донираат 1,1 милиони долари
Министерството за здравство денеска изрази голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со КОВИД-19 во земјата.
„Особена благодарност упатуваме за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот.
Донациите во опрема и добра за Министерството за здравство вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции и тоа: апарати за механичка вентилација, рентген апарати, бронхоскоп, респиратори, инфузиомати, ЕКГ апарати, дефибрилатори, аспиратори за сукција, пациент монитори за инвазивно мерење притисок, батерии за рентген апарати, апарати за лабораторија, кислородни маски, пулсоксиметри, китови за тест корона, апарати за прочистување на воздух, значителна количина заштитни наочари, визири, скафандери, маски, потребни лекови и медикаменти, потрошен материјал, како и немедицинска опрема и други потреби пред се на Инфективната клиника – возила, машини за перење, сушење, бојлери за топла вода, кревети, фолија за маневарска болница, пешкири, постелнини, козметички производи, вода, софтверска апликација.
Дел од материјалите и апаратите се веќе пристигнати, а дел се нарачани од донаторите и во текот на наредната недела се очекува пристигнат во Инфективната клиника и на другите локации според потребата.
Покрај донациите во опрема и добра, на наменската сметка на Министерството за здравство за донации до сега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Ангеловска: Мерката 14.500 денари плата по вработен се однесува на сите фирми погодени од коронакризата, како и на самостојните вршители на дејност
Се за мерката 14.500 плата по вработен
Мерката 14.500 денари поддршка за фирмите и самостојните вршители на дејност има за цел да им помогне финансиски на сите погодени од коронакризата да ги задржат работните места. Деновиве излегоа повеќе дилеми – да ги објасниме сите овие прашања.? Што значи мерката 14.500 денари плата по вработен? ? На кого се однесува мерката 14.500 денари плата по вработен? ? За кои работници може да се аплицира за мерката 14.500 денари по вработен? ? Како може да се аплицира за мерката 14.500 денари плата по вработен? ? Дали мерката 14.500 денари плата по вработен се однесува и на самостојни вршители на дејност? Погледнете во видеото ? ? ?
Gepostet von Nina Angelovska am Donnerstag, 9. April 2020
ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 22
Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
„Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица“, соопштија од Министерството.
*
Земјоделците ќе можат да ги вршат работните обврски на своите земјоделски површинии и за време на забраната за движење без да вадат дозвола, информираше денеска МВР. Забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок и од 11:00 до 13:00 часот за време на викенд нема да важи за лицата со попречност и лицата што ги придружуваат.
*
Притвореникот во затворот во Шутка кој почина од срцев удар немал симптоми на коронавирусот, но обдукцијата покажала дека тој е позитивен на КОВИД-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Лажна вест: Македонија со најмногу починати од COVID-19 на 1 милион жители во регионот
Tенденциозно манипулирање со податоците за ширење паника меѓу населението и оцрнување на институциите за прибирање политички поени во време на криза
*
Најголем број претставки 639 или 18,51 отсто се од областа на правосудството, потоа следат претставките од потрошувачките права – 367 или 10,63 отсто, од работните односи 282 или 8,17 отсто, од казнено-поправните и воспитно-поправните установи – 267 или 7,73 отсто, од областа на детските права – 246 или 7,12 отсто, од имотно-правната област – 188 или 5,44 отсто, од урбанизмот и градбата – 185 или 5,36 отсто, од областа на заштитата на правата при полициски овластувања 170 или 4,92 отсто, од социјалната заштита – 159, односно 4,60 отсто…
*
Владата да овозможи флексибилност, мал процент на отстапување за обврската компаниите да го задржат бројот на вработени до септември годинава, при користењето некоја од погодностите предвидени со мерките за помош, апелира Стопанската комора на Македонија.
*
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје. Како што соопшти неговиот Кабинет, за време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со работата на лабораторијата, во која се вршат испитувања за присуство на вирусот КОВИД-19.
СЛОБОДНА ЗОНА
Слушам некои светски радија, гледам некои светски телевизии, и наидов на неверојатни вести: на пример, во целава оваа светска карантинска ситуација, на Запад се забележува тренд на враќање на разведени родители повторно привремено да живеат заедно, за да можат подобро да се грижат за заедничките малолетни деца. Дури и Деми Мур и Брус Вилис решиле да бидат во заеднички карантин со своите три ќерки (додуша, тие се на 26, 28 и 31 година возраст), после дваесет години од разводот.
Аууууу, какви опасни трендови! Зар и ти, брате, Брус! Декадентниот Запад забрзано оди кон пропаст… пишува Сашо Орданоски во колумната „Гром во мојата коприва не удира“!
Дехран Муратов
Во соработка со: Ангела Петровска и Биљана Јордановска