Во текот на вчерашниот ден започната е истрага против едно лице вработено како возач во општина Шуто Оризари, под сомнение за мито и корупција. Истрагата е во тек и се додека надлежните институции, МВР и обвинителството не излезат со официјални информации, општина Шуто Оризари се оградува од сите произлезени шпекулации во јавноста.
„Апелираме до медиумите да пренесуваат објективни, точни и официјални информации, бидејќи секое извртување на информациите допринесува за нарушување на угледот на општината Шуто Оризари и на градоначалникот Курто Дудуш“, соопштуваат од кабинетот на градоначалникот.
Останува нејасно во која функција осомничениот возач би можел да изнудува пари од граѓаните со оглед на тоа дека тој нема никакви ингеренции за одлучување во Општината. Дали тоа значи дека овој пат возачот ќе биде жртвено јагне за затскривање на поголем скандал или пак се работи за чиста измама?
Надлежните институции сè уште без одговор.
Дехран Муратов