• Latest

Воздухот во Скопје и денеска загаден, бесплатен јавен превоз за скопјани

January 9, 2018
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО- ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Воздухот во Скопје и денеска загаден, бесплатен јавен превоз за скопјани

January 9, 2018 08:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Воздухот во Скопје и изутринава е загаден над дозволеното. Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 313 микрограми на метар кубен, кај Ректорат се измерени 182, во Гази Баба 159, во Центар 110 и во Карпош 96 микрограми.

По добиените информации дека квалитетот на воздухот во Скопје последователно два дена е загаден над дозволеното, односно над 200μg/m3, вчера повторно беа активирани мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот.

Од владината прес-служба информираа дека министерствата за животна средина и просторно планирање и за здравство се должни да ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, да се реорганизира работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да ја спроведат забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено, да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.

МВР треба да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата). Единиците на локална самоуправа се должни да го спроведат издавањето одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот, обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, да се обезбеди или бесплатен јавен превоз или намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз, да се зголеми фрекфенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации, дневно чистење на улиците и пешачките површини и да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.

Владата, воедно, ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпрјатијата и АД во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила.

Се посочува дека градежните компании имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.), а градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

Шилегов прес

Во меѓувреме, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција вчера соопшти дека поради загаденоста на воздухот над дозволеното ниво, се воведува бесплатен градски превоз за скопјани. Мерката стапува на сила веднаш и оти важи подеднакво за автобусите на ЈСП и за приватните превозници.

„Оваа мерка ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе бидеме известени од страна на Министерството за животна средина“, рече Шилегов и додаде дека автобусите ќе бидат со зачестена фреквенција.

Тој апелираше граѓаните без потреба да не користат возила, а доколку мораат да ги користат, во нив да се возат повеќе лица. Побара и да не се користат несоодветни материјали за затоплување на домовите.

Најави дека Градот Скопје ќе ги прекине сите градежни активности што се под негова ингеренција и препорача и градоначалниците на скопските општини да го направат истото. Најави дека ќе се зголемат и инспекциските контоли на градилиштата, особено на возилата кои излегуваат од градилиштата, а зајакната контрола ќе има и за доставувачите на стоки.

„Ги повикувам градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла“, рече Шилегов.

Воедно, посочи дека ќе го задолжи ЈП „Комунална хигиена“ да ги мие со вода улиците и булеварите кои се во надлежност на градот, а тоа побара да го направат и градоначалниците на скопските општини.

Скопскиот градоначалник ги повика МВР и МЖСПП, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.

„Го повикувам Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, како и и да ги зајакне контролите за почитување на забраната за движење тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје, и да ги упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација. Барам од МВР да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот“, потенцира Шилегов.

Воздух мерач .jpg

Според него, сите возила на Град Скопје нема да се користат за службени потреби освен за инспекциските служби, а тој рече ќе користи јавен превоз или електричното возило на Градот што не загадува.

Воведувањето на мерката за бесплатен градски превоз ги чини скопјани по седум милиони денари дневно.


извор: МИА


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: бесплатен превоззагадувањемеркиСКОПЈЕШилегов
Share15TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ