• Latest

Возиме крш – просечната старост на автомобилите и автобусите се искачи на 19,5 години (Инфографик)

August 28, 2022

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Возиме крш – просечната старост на автомобилите и автобусите се искачи на 19,5 години (Инфографик)

August 28, 2022 20:23
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По македонските патишта се вози крш од возила, чија што просечна возраст се зголемува од година во година. Нови загрижувачки податоци објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за тоа каква била старосната возраст на возилата на крајот од 2021 година. Неславен рекорд на возниот парк е достигнат кај сите видови возила, но најзагрижувачка е состојбата кај регистрираните автомобили и автобуси, чија просечна старост лани се искачила на 19,5 години, пишува Мета.

 

 

Во делот на автомобилите, просечната старост е зголемена минимално, во споредба со пресметаните 19,4 години во 2020 година. Сепак, загрижувачка е состојбата со автобускиот возен парк во Македонија. Во 2020 година просечната старост на автобусите изнесувала 18,2 години, односно за само една година старосната возраст на овие возила е зголемена за 1,3 години. И товарниот транспорт се соочува со идентичниот проблем, па така товарните возила што се движат по патиштата лани имале просечна возраст од 16,9 години, додека старосната возраст на влечните возила изнесува 13,3 години.

Статистичките податоци за годината на производство на возилата со регистарски таблички што сообраќаат во Македонија се исто така алармантни. Од речиси 550.000 возила што се регистрирани во земјава, дури 387.373 се произведени пред 2007 година, односно се постари од 14 години и со тоа имаат пониски ЕУРО стандарди на моторот во делот на испуштањето на штетни гасови во атмосферата. Притоа, по македонските улици се движат 350.000 автомобили, 1.801 автобуси и 22.537 камиони произведени пред 2007 година.

Наспроти ова, информациите на ДЗС се безмилосни во одност на новите возила. На 31 декември 2021 година, во земјава имало само 7.491 возило што било произведено истата година, односно било купено како ново. Притоа, како нови возила произведени во 2021 година имало 3.770 автомобили, 1.027 товарни возила и само 12 автобуси.

Голем е и бројот на возила што ги користат граѓаните и компаниите, а кои се произведени во периодот од 2008 до 2010 година – вкупно 76.221, од кои најголемиот дел се автомобили. Низ целата земја возила произведени во изминатава деценија, кои имаат мотори што ги задоволуваат ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандардите за емисии на издувни гасови се само 95.824 возила, односно скромни 17 отсто од вкупниот број на автомобили, автобуси, камиони, трактори, мотори и други моторни превозни средства што сообраќаат низ земјава.

„Чекајќи го Годо“ – нема абер за забрана за увоз на возила со под ЕУРО 5 мотори

И покрај апелите на експертите во врска со безбедноста на половните возила што се движат по патиштата и проблемот со аерозагадувањето во градовите, од македонската влада засега нема донесено одлука со која треба да се забрани увозот на возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови. Како од Владата на РСМ, така и од Министерството за економија летово за Мета.мк информираа дека македонската јавност ќе биде благовремено известена кога извршната власт ќе ја донесе ваквата забрана, заедно со датумот од кога истата би стапила на сила.

Инаку, помина повеќе од една и пол година откога министерот за економија Крешник Бектеши во јануари 2021 година вети дека ќе се воведе забрана за увоз на половни возила што се произведени во периодот пред 2011 година. Иако ваквото ветување беше речено дека ќе се спроведе во 2021 година, измина ланската година, при што спроведувањето на забраната се одложи за во 2022 година. Веќе поминаа и осум месеци од годинава, но македонската влада досега не ја донела одлуката за забрана за увоз на половни возила во земјава коишто се постари од 11 години.

Како што веќе пишуваше Мета.мк, забрана за увоз на возила со под ЕУРО 5 стандарди веќе се спроведува во Албанија и Босна и Херцеговина, односно помеѓу земјите во регионот, ги имаме едни од најлибералните стандарди за доведување на употребувани возила од странство, заедно со Србија.

Во меѓувреме, Мета.мк пишуваше дека за период од една година, бројот на регистрирани возила во Македонија е зголемен за дури 59.000. На крајот од 2021 година, на патиштата се движеле 559.418 возила, а колку за споредба, една година претходно, со македонски регистарски таблички имало 500.633 патни моторни и приклучни возила.

Неконтролираниот раст на бројот на половни возила во земјава не предизвикува проблеми единствено во делот на безбедноста на сообраќајот и аерозагадувањето, туку и кај недостигот на паркинг места во урбаните средини, зголемен сообраќаен хаос низ улиците, но и намалување на користењето на јавниот превоз од граѓаните и зголемени загуби на приходи на јавните транспортни претпријатија во делот на превезените патници.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ