• Latest

Вработените во Македонска пошта протестираат поради ненавремената исплата на плати

March 18, 2024
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вработените во Македонска пошта протестираат поради ненавремената исплата на плати

March 18, 2024 11:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во Македонска пошта денеска го изразија својот револт поради ненавремената исплата на плати за месец февруари. Претседателот на синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов, посочи дека протестот на вработените е израз на загриженост за опстанокот на Македонска пошта, како и зачувувањето на нивните работни места.

Покрај тоа што 80 отсто од вработени во Македонска пошта се со просек на минимална плата, Велигденов вели, работодавачот не ја исполнил законската обврска да ги исплати платите во законски предвидениот рок. Поради лошата финансиска состојба на Македонска пошта, Велигденов истакна дека вработените стравуваат дека во наредниот период нема да има редовна исплата на плати.

– Имајќи ја во предвид лошата финансиска состојба на друштвото, револтот кај вработените е дотолку поголем од стравувањето дека во наредниот период ќе има редовна исплата на плата. Оваа финансиска криза е резултат на лошата организација на работењето во Македонска пошта предизвикана од кадровската политика и менаџирањето со години кое се спроведува во Македонска пошта со непродуктивно прераспоредување и вработувања со што се доведовме во состојба од недостаток на работници во технолошкиот процес, каде што највеќе се потребни работниците, а тоа се пошта-разнесувачи, недостаток на шалтерски работници, недостаток на работници во технолошкиот процес. Како резултат на тие политики имаме преполни работни места во администрација и шефовски позиции, истакна Велигденов.

Состојбата во Македонска пошта ги демотивира вработените, затоа Велигденов вели друштвото се соочува со одлив на вработени по сопствено барање.

– Синдикалните организации на Македонска пошта со години алармираат до Владата и раководството за хаосот и состојбите во кои се доведе Македонска пошта со барања за итно реформирање и реоганизирање на друштвото. Но, за жал, ниту се има слух, ниту разбирање од нивна страна за стабилизација и позиционирање на Македонска пошта на поштенскиот пазар како главен сервис на сите граѓани и институции во Македонија, рече Велигденов.

Нивните барања се изготвување нова систематизација, нов колективен договор, реорганизација на поштенските реони, технолошка модернизација, како и измени во Законот за поштенски услуги.

– Ја повикуваме Владата која е основач и сопственик на Македонска пошта, заедно со раководството веднаш и без одлагање да се задолжат за обезбедување на финансиски средства за редовно исплатување на плата, како и преземање на итни мерки за реорганизирање и реформирање на работењето на Македонска пошта кое би довело до стабилизација и опстојување на компанијата, повика Велигденов.

Доколку не се исполнат барањата, Велигденов вели протестот ќе продолжи понатаму, додека синдикалните организации на Македонска пошта ќе отпочнат постапка за штрајк во насока на заштита на работничките права.

Извор: МИА

Tags: Македонска поштаплатиПротести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ