• Latest
Лидија Неделкова, 2015 г.

Врховен се приклучи во „прочистувањето“ во судството – одбиена жалбата на Неделкова

June 29, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Врховен се приклучи во „прочистувањето“ во судството – одбиена жалбата на Неделкова

June 29, 2021 15:37
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Лидија Неделкова, 2015 г.

Лидија Неделкова, 2015 г.

Share on FacebookShare on Twitter

Врховниот суд го потврди разрешувањето на судијката Лидија Неделкова. Поранешните колеги на  Неделкова оценија дека нејзината жалба на одлуката на Судскиот совет за разрешување е неоснована.

„Советот за одлучување по жалби расправаше по повод жалбата на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија  од 01.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција“ – соопштија од Врховниот суд.

Неделкова беше разрешена откако се разгледаа претставките против неа, кои ги имаше поднесено поранешниот врховен судија Јово Вангеловски кој, исто така, е разрешен. Тој во претставката тврдеше дека Неделкова несовесно ја вршела својата работа. Во периодот кога Врховен одлучувал за жалби во 2018 година во врска со референдумот, таа, како член на еден од трите совети кои биле формирани за одлучување – не била на работа. Потоа, користела три дена годишен одмор без да добие решение од него како претседател на судот дека може да го користи и трета причина, според претставката на Вангеловски, е што Неделкова не сакала да прима предмети додека била во одделот за судење во разумен рок.

Судскиот совет едногласно ја разреши Неделкова поради ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на Судскиот деловник односно Кодексот за судиска етика, по што следуваа најави за кривични пријави. Неделкова поднесе кривична пријава против тројца членови на Судскиот совет за „злоупотреба на службената положба“. Според неа, спротивно на Законот за Судски совет, била вратена на разгледување претставка која против неа ја поднел нејзиниот колега Јово Вангеловски, а токму за оваа пријава претходно во Советот била запрена постапката за разрешување.

Тогашниот прв човек на Судскиот совет, Киро Здравев, коментирајќи го случајот на Неделкова изјави дека некому не му одговара професионално да се извршува оваа задача.

„Во јавноста се напаѓа судството генерално, а не поименично, па затоа ние треба да ги заштитиме професионалните судии, а како инаку освен доколку не поведеме постапки против нивните колеги што го оцрнуваат судството и не работат одговорно. Најнормално е да се очекуваат опструкции и од судиите“ – заклучи поранешниот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев.

Судскиот совет изминатиов период се пофали со разрешување на десетина судии по новите критериуми. Последна во низата беше судијката споменувана во прислушуваните материјали, Софија Лаличиќ. Таа „падна“ поради казната од две илјади евра што му ја изрече на адвокатот Асмир Алиспахиќ, откако тој на личниот профил на Фејсбук ја нарече „сваровски судијка“. Иако одлуката за казна веднаш потоа беше укината, Судскиот совет утврди нестручно и несовесно работење кај Лаличиќ.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ неодамна изјави дека претставките за работата на разрешените судии од изминатиов период, со години седеле во фиоките на Судскиот совет и не биле разгледувани, оценувајќи дека сегашната динамика на Советот остава добар впечаток и ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните во правосудството.

„Овој процес како на Влада и на Министерство ни е од исклучително значење и веруваме дека истиот ќе придонесе кон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, која во моментот е на загрижувачко ниско ниво. Ние не сакаме на било кој начин да правиме притисок врз судството и обвинителството, но должни сме да се грижиме и будно да го следиме процесот со кој ќе добиеме реформиран, транспарентен, ефикасен и од било какви притисоци ослободен правосуден систем. Тоа им го должиме на граѓанитe“ – заклучи Маричиќ.

Со стартот на годинава започна и очекуваното „проветрување“ во правосудството, преку надградба на веќе постоечките правила за оценување и утврдување одговорност на судиите и обвинителите. За разлика од процедурите кај обвинителите, согласно законските одредби, во Судскиот совет не запира постапката за разрешување ако судијата даде оставка или се пензионира, но тогаш нивната констатација е само декларативна. Седниците на Судскиот совет се јавни и јавноста може да се исклучи само во одредени случаи кога се зборува за податоци за личноста на судијата. Оттаму наведуваат дека ја почитуваат презумпцијата на невиност, но по правосилноста, донесената одлука против судијата се објавува во Службен весник со степен на анонимизација.

ФРОНТЛАЈН

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ