Централната изборна комисија одлучи вториот круг на гласање на Косово да се спроведе на 19 ноември.
Kампањата за вториот круг на гласање ќе почне на 13 и ќе трае до 17 ноември на полноќ, кога настапува изборниот молк.
Гласањето преку пошта ќе трае од 4 до 17 ноември.
Во првиот круг на гласање, одржан на 22 октомври, од вкупно 38 општини, градоначалници беа
избрани во полoвина од нив, што подразбира дека во вториот круг на гласање ќе бидат избрани
уште 19 градоначалници.
Најмногу интерес, во вториот круг, побудува битката за косовската метропола, каде силите ќе ги
одмерат Шпенд Ахмети од Движењето „Самопределување“, кој Приштина ја раководеше и во
изминатиот четиригодишен мандат и Арбан Абраши од Демократскиот сојуз на Косово.
Првиот изборен круг се одржа минатата недела. ЦИВИЛ објави ексклузивен извештај за изборите.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.