На Кипар започна гласањето за вториот круг од претседателските избори. Во 7.00 часот, по локално време, беа отворени над 1.000 избирачки места.
Жителите на Кипар денеска ќе избираат меѓу двајцата кандидати, досегашниот кипарски претседател Никос Анастасијадис и независниот кандидат Ставрос Малас.
Анастасијадис (71) од христијанско-демократската партија „Демократски збор“ во првиот круг од претседателските избори, што беа одржани на 28 јануари, освои 35,5 отсто од гласовите, а неговиот ривал, независниот кандидат Малас (50) кој ужива поддршка од комунистичката партија АКЕЛ, освои 30,25 отосто од гласовите.
Право на глас имаат 550.000 граѓани на Кипар.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.