• Latest

Втори февруари – уште еден изговор за ширење говор на омраза

February 2, 2021
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Втори февруари – уште еден изговор за ширење говор на омраза

February 2, 2021 16:34
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Втори февруари, како датум кој се поврзува со хомосексуалците, е всушност хомофобичен и измислен датум. Интернационален ден на гордоста е на 27-ми јуни, сепак за многумина 02.02. отсекогаш важел за ден на хомосексуалците, но и повод за разни закачки, досетки, но пред се говор на омраза кон ЛГБТИ+ лицата.

Имено, 2 февруари како празник на хомосексуалците е познат само кај нас и во блиското соседство, додека 17 Мај се одбележува секоја година како Меѓународен ден на борба против хомофобијата и трансфобијата (МДБХТ).

Целта на Денот на борба против хомофобијата е да се координираат меѓународните настани на кои се повикува на почитување на правата на лезбејките и геј-лицата во целиот свет, а датумот е врзан со тоа што на 17 мај 1990 година хомосексуалноста е избришана од меѓународната класификација на болести на Светската здравствена организација (СЗО).

Денес на социјалните мрежи може да се прочитаат многу коментари со говор на омраза кон ЛГБТИ+ лицата, а дел од партиските ботови ја користат ситуацијата да упатат навредливи зборови кон политичките противници.

Како остана да се „слави овој празник“ на денешен ден никој не знае, но се „прославува“ со децении наназад…

ЦИВИЛ отсекогаш бил и ќе биде организација што стои во одбрана на правата на ЛГБТИ заедниците и континуирано бара подобрување на нивните права со конкретни политики и практики кои институциите се должни да ги преземат.  ЦИВИЛ како организација секогаш ќе стои во одбрана на човековите права и слободи, а тоа подразбира и правото на сексуална ориентирација, правото на слободата на изразувањето и правото на праведен и слободен свет.

Наместо страв, омраза, дискриминација, ЦИВИЛ повикува на хуманост, солидарност и прифаќање дека сите поединици, независно од нивната родова, верска или етничка припадност, социјален статус, сексуална ориентација или друга припадност, идентитет или карактеристика.

Сите имаат право на достоинствен живот, а сите ние како дел од општеството имаме должност да бидеме солидарни и да ги штитиме човековите права и слободи на сите. Институциите се должни да негуваат култура на прифаќање и да се борат против стереотипите и предрасудите.

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ