Како што дознава српскиот портала Нова, на инсистирање на претседателот на Србија, Алексабдар Вучиќ, членовите на српската влада на вчерашната седница одлучиле да не го прифатат одредбите на Европската унија со кои се осудува загрозувањето на територијалниот интегритет на Украина, и се апелира да се почитува меѓународното право, додека за санкции конРусија воопшто не станало збор.
Србија не ја прифатила одреднбата на Советот на ЕУ, која се однесува на рестриктивните мерки во однос на дејствијата кои поддржуваат или го угрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.
Министрите на СПС Бранко Ружиќ и Новица Тончев, биле воздржани за време на гласањето и не ја поддржале одлуката на мнозинството , додека министерките Зорана Михајловиќ и Јадранка Јоксимовиќ гласале ЗА одредбата.ministarke
Се очекува ваквиот став, претседателот на Србија, Александар Вучиќ да го соопшти денеска, на прес конференција, по одржување на уште една седница на Советот за национална безбедност и по средбата со српскиот патријарх Порфирие, со кого ќе разговара и за ситуацијата во Украина.