Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој се наоѓа на Самитот во Прага на иницијативата за формирање на Европска политичка заедница, на социјалните мрежи објави фотографија со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
-Со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, исто како во студентските денови, додека ја чекаме следната средба, напиша Вучиќ во објавата.