• Latest

За 10 дена бројот на новозаболени со Ковид -19 во Европа е двојно поголем

October 23, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За 10 дена бројот на новозаболени со Ковид -19 во Европа е двојно поголем

October 23, 2020 10:32
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За само 10 дена, бројот на нови случаи на заразени со новиот коронавирус во Европа се зголеми двојно. За првпат на континентот вчера беа евидентирани 200.000 заразени за еден ден.

Покрај во Бугарија, рекорден број се пријавени во Франција, Италија, Австрија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Како регион, Европа веќе регистрира повеќе нови случаи отколку трите најтешко погодени држави – САД, Бразил и Индија заедно.

Во Шпанија според министерот за здравство Салвадор Илја, епидемијата сега е „надвор од контрола“ во многу области. Властите анализираа дали, како и Франција и други европски земји, да воведе полициски час, но таа одлука беше одложена.

Во Франција 41.622 лица се заразени со Ковид-19  во изминатите 24 часа, што е за 15.000 повеќе од претходниот ден, соопшти синоќа Институтот за јавно здравство.  Францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека полицискиот час ќе се прошири на уште 38 региони од денеска и ќе опфати вкупно 46 милиони луѓе или две третини од населението. Кастекс предупреди дека предвидува построги мерки доколку епидемијата на коронавирусот не биде под контрола.

-Вирусот се шири побрзо отколку кога првпат се појави на почетокот на годината, изјави денеска францускиот научен советник Арно Фонтанет. Тој процени дека вирусот циркулира многу побрзо, како и дека започнала нова епидемија во август. Според него,борбата против вирусот ќе биде маратон.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави воведување полицискиот час од 00:30 до 05:00 часот наутро во регионите најсилно погодени од новиот коронавирус како и носење маски на отворено. Во телевизиско обраќање Мицотакис нагласи дека ќе се воведе ноќен полициски час во областите што припаѓаат на нивоата три и четири со ризик како што се Атина, Солун, Јанина, Закинтос и други жаришта.

Германија забрани патување во неколку популарни скијачки центри во Австрија и Италија.

Холандија објави дека ќе носи пациенти во Германија затоа што здравтвениот систем не може да ги преземе сите на кои им е потребна помош.

Украина денеска повторно регистрираше рекорден број на нови случаи на коронавирус – 7.517, речиси 500 повеќе од вчера. Вкупниот број на заразени се искачи на 330.396. Во изминатите 24 часа има 121 смртен случај.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ