Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, вели дека нема фантомски гласачи во Избирачкиот список.
„Избирачкиот список е динамична категорија и никогаш нема да биде идеално чист затоа што во списокот се наоѓаат лица кои на дневна основа се менуваат. Ве уверувам дека нема фантоми во Избирачкиот список. Тоа беше терминологија што се користеше во изминатите години, веројатно, од други причини. Нема такви лица во Избирачкиот список“, истакнува Дерковски.
Го повикуваме Дерковски, на граѓанките и граѓаните кои секојдневно пријавуваат фантоми на своите адреси да им го дообјасни ова свое тврдење и истовремено да нè извести доколку има намера терминот фантоми да го замени со некој друг.
Сепак, како и да ги наречат, Избирачкиот список е се уште непрочистен и преполн со фантомски гласачи. Ваквите неумесни изјави на директорот на Државната изборна комисија е само уште една потврда за несериозноста на институцијата кон решавање на овој огромен проблем.
Претседателот на ДИК, Дерковски, и членовите на ДИK на средбата со премиерот Зоран Заев посочија дека работат професионално, штедливо и домаќински и дека ќе продолжат во таа насока за достоинствено да одговорат на законските обврски пред граѓаните.
К. С.