• Latest

За лидерите од регионот 2018 година клучна за голем исчекор кон ЕУ

December 19, 2017
Миколајив, 16 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Петмина загинати во напад врз автобус во Никополскиот реон, нападнат и возот Кијив-Миколајив – која е целта на нападите врз јавниот превоз?

September 16, 2026

Зад параванот на демократијата

September 16, 2026
Кога е допрена УЧК, сите се креваме! - Косово, 16 септември 2026

Момент на вистината: Хаг го осуди Хашим Тачи на 25 години

September 16, 2026
Хаг, Холандија, наутро, 16 септември 2026

Хаг ја изрекува пресудата за лидерите на ОВК: Косово во напнато исчекување

September 16, 2026

Кога граѓанинот стана непријател на демократијата?

September 16, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Демократија или право на самоволие?

September 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонски поглед кон телевизијата, интернетот и демократијата

September 16, 2026
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За лидерите од регионот 2018 година клучна за голем исчекор кон ЕУ

December 19, 2017 09:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите од регионот ја гледаат 2018 година како клучна за голем исчекор на сите држави во пристапувањето кон ЕУ, но и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ за оваа намена, беше нагласено на синоќешната средба на премиерите на земјите од Западен Балкан со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини во Брисел.

„Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017 година беше најавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер. Токму Стратегијата и нејзините клучни одредници беа главна тема на дискусија. На средбите беше констатирано дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на оваа Стратегија како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива. Секоја од државите од Западен Балкан треба да напредува на патот кон ЕУ врз основа на напредокот кој го покажува во реформите во клучните области“, напиша македонскиот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил по средбата со Могерини.

Заев Могерини неформален

На заедничката работна вечера со Могерини, премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, ја потврди посветеноста на Македонија кон остварувањето на реформите во правосудството, безбедноста и јавната администрација, како и решавање на сите отворени прашања со соседите. Заев исто така нагласи дека Република Македонија очекува свое место во Стратегијата за проширување на ЕУ која ќе биде објавена во февруари 2018 година, од која се очекува да биде инклузивна, амбициозна, предвидлива и иновативна во својот пристап.

Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017 година беше најавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на претседателот на ЕК Јункер. Токму Стратегијата и нејзините клучни одредници беа главна тема на дискусија.

На средбите беше констатирано дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на Стратегијата за проширување на ЕУ како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива. Секоја од државите од Западен Балкан треба да напредува на патот кон ЕУ врз основа на напредокот кој го покажува во реформите во клучните области.

Лидерите на земјите од Западен Балкан ги истакнаа и придобивките од паралелните проекти кои ги забрзуваат  европските интеграции на земјите од регионот во рамките на иницијативата Берлински процес, и посебно Самитот во Трст во јули оваа година. Проектите договорени на овој самит, особено во делот на економското, енергетското и инфраструктурното поврзување, се од особено значење за приближување до стандардите на земјите од Западен Балкан до оние на ЕУ.

Шансите за успешно спроведување на овие потенцијални успеси постојат, доколку се спроведуваат реформите од кои се очекуваат резултати, е заедничкиот заклучок од работната вечера на премиерите на шесте држави од Западен Балкан со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија,Федерика Могерини, во Брисел.

Овој неформален состанок претставува продолжување на разговорите на високата претставничка Могерини со балканските лидери од мај годинава, кога таа, исто така, ги собра на неформална работна вечера.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Западен Балкансоработкастратегија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ