• Latest

За „Македонштината“ и Република Македонија

September 5, 2018

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За „Македонштината“ и Република Македонија

September 5, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

И да помине референдумот, што после? Кој ќе гласа во Парламент? Го гледам оној Јанушев синоќе: Боби Христов му чита од Преспанскиот договор како јазикот ќе се нарекува, му цитира буква по буква – „македонски јазик“, додека Кирацовски од СДСМ дофрла превентивно „нема фуснота, нема“ (што е точно – навистина во документот на Обединети нации нема да има никаква фуснота што појаснува дека јазикот е јужнословенски, ами појаснувањето е реченицата од билатералниот документ), Јанушев го гледа во очи и вика „не, северно-македонски е“, пак му читаат „ЈАЗИКОТ Е МАКЕДОНСКИ“ (БЕЗ ФУСНОТА), овој пак, со финти преварантски, менува тема „институциите како ќе се викаат.“ Го молат да прочита како се вика јазикот во Договорот, овој мафта со документот и вика „читам јас од тука, читам“ – и чита пак на друга тема (понепријатните делови, но важно не на темата јазик). Потоа, му го објаснуваат оној фамозен член 7 и му објаснуваат дека *етнички* ќе биде Македонец, овој се закачил за државјанството (nationality на англиски), односно на член 1-3b: „Македонец/граѓанин на Северна Република Македонија. Значи, лажете, лажете, граѓанин на…“  Јадникот од СДСМ се мачи да му објасни дека збори за ЕТНИЧКАТА заедница – ама дека, ете, освен таа, етничката идентификација и националноста/државјанството му останува македонско (оти тоа го пишува пред косата црта која не мораш да ја користиш ако така избереш) – овој, надвикувајќи се, повторува папагалски „лажете, лажете, Северно-Македонец ќе бидеш.“ Не, Јанушев, член 7 вика: Македонец ќе бидеш, ама баш така како што изјави Никола Димитров во Европски парламент. Толку.

Катерина Колозова

И така, Јанушев, вчера заклучив дека не е дека не сте разбрале па треба добронамерно да ви се толкува. Сте разбрале вие сѐ многу убаво, туку намерно ширите смут, шум или што би рекло КГБ дезинформация. Урлањето и негирањето без да се сослуша, намерното менување тема, е класично лажење комбинирано со полуфакти или креација на лажна вест. Таа трамповско-путиновска школа на лажни вести, и дискурзивните стратегии кои се идентични со тие на #бојкотирам, ве издаваат дека сте за бојкот ама од пусти страв од поголемите сестри во Европа, глумите конструктивност па не кажувате експлицитно.

Не, браќа и сестри, не лажни Вмровци, не ви поминува лагата пред Европа. Пред народов, за жал, можеби. Значи, ДПМНЕ, не глумете пред Запад пуфки – вие сте во „#бојкотирам“ кампот и тоа веќе од авион се гледа. Не ги лажете Германците, и останатите на Запад, и не се мислете тешки итромани кои и натаму ќе седат на две столчиња. Тоа веќе не ви поминува. Ем го засилувате дискурсот на #бојкотирам, ем не повикувате на бојкот – ем ќе одработите за третиот камп ем ќе бидете шутнати на избори токму поради обидот да седите на две столчиња, односно лицемерието. Ако го засилите дискурсот на #бојкотирам, ќе добијат неговите креатори а вие ќе станете нивните корисни идиоти.

Наравоучение за СДСМ: со истата нелогичност која ја покажува ДПМНЕ и вие, свесно или несвесно, ги насочувате нештата на водата на спротивниот камп. Прво, со лажни вести не се справуваш со рационална аргументација туку со онлајн против-кампања. Второ, според поновите истражувања, имате околу 15% разочарани Вмровци кои не ја исклучуваат можноста да гласаат „за“ на референдумот. Зошто не размислите како да го искористите ова? Од кого се разочарани тие ако не од елитата на својата партија? Како може да ги придобиете? Со гест кој ќе им значи – симболичен гест кој ќе покаже желба за обединување и патриотизам.

Конечно, СДСМ треба да докаже дека се однесува попатриотски од ВМРО во овој момент: кај соседите освои признание на „македонштината“, што би рекол Павле Воскопулос од „Виножито,“ многу поважно за идентитетот од името на една формација каква што е државата. СДСМ го одбрани именувањето на јазикот за кој некогаш Нимиц предлагаше да се вика „јазик на граѓаните на…“. Замислете сега, со новиот закон за јазиците, македонскиот да се викаше „јазик на граѓаните на Република Македонија,“ а вториот официјален јазик да се вика албански. Првиот без супстанца, значи единствен лингистички признаен јазик ќе беше албанскиот. Што е поголемо идентитетско обезличување во една таква констелација? Да имате држава што по дома се вика „Република Македонија,“ надвор ФИРОМ (и покрај повремените билатерални гестови на милост), но официјалниот јазик ѝ се вика „јазик на граѓаните на Репулика Македонија“. Во ваква хипотетична ситуација, патриоти од ДПМНЕ, што се случува со идентиетот на Павле Воскопулос и нашите во Грција? Што се случува со нивната битка за признавање на јазикот (оти тие не се борат за признавање на официјален јазик на некоја друга држава, туку за признавањето на лингвистичката појава наречена „македонски јазик“)? Што оти се вика државата Македонија ако немаш македонски етнос (културно наследство и историја врзани со национална себеидентификација, или, со други зборови, сѐ што пишува за „втората страна“ од член 7 од Договорот) и ако немаш македонски јазик?

За крај, СДСМ мора да најде начин да биде политички прагматично: и да ги придобие разочараните гласачи на ДПМНЕ но и некако да се разбере со ВМРО-ДПМНЕ – оти, на крајот, епилогот е во Парламентот. Гледајте да освоите по некое патриотско срце, а со тоа, можеби, и по некој пратеник на ВМРО кој е, исто така, можеби разочаран. Доколку не покажете способност за политичка прагма од таков вид, следат предвремени избори и со тоа самите ќе го вратите ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Не работете во корист на својата штета. Проголтајте некоја кнедла ако мора, и издигнете се над себе за да го обезбедите теренот во Парламент.

 

Катерина Колозова, професор по политичка филозофија на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград, Оддел за политички студии.


Фотографија во прилог на текстот: Роберт Атанасовски

Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share105TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ