• Latest

За мајмуните и за луѓето…

August 6, 2016

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За мајмуните и за луѓето…

August 6, 2016 12:10
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали за скопските власти животот и комфорот на едно шимпанзо, навистина вреди повеќе од опстанокот на стотици Роми!?

Стотина Роми, меѓу кои десетина дечиња, останаа на улица откако Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика, со асистенција на полицијата, со багери им ги урнаа импровизираните куќички под Кале, на брегот на Вардар. Вљубениците во барок, премногу ги иритираа куќарките од ќерпич и картони на сиромашните Роми.

10599119_1145612902133558_7387936387436943090_n
Пишува: Дехран Муратов

Иронијата да е уште поголема, додека јавноста дебатираше дали требаше или не да се урнат живеалиштата на Ромите под Кале, од Зоолошката градина во Скопје известија дека ќе се гради живеалиште за шимпанзо, кое ќе чини околу 230.000 евра, но за дополнителни информации, сепак, ќе треба да се произнесе Град Скопје… Дали во Македонија, навистина, едно шимпанзо вреди повеќе од животот на десетина деца кои сега живеат под отворено небо?

Образложението на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски е дека се урнати дивоизградени бараки на Ромите, затоа што тие наводно, имале и друго место на живеење, дека куќарките не биле безбедни за граѓаните, дека имало депонија и дека уривањето го побарал сопственикот на парцелата…

Еве, да знаев дека има смисла, ќе го повикав градоначалникот, самиот да покани медиуми и да ги посети „другите живеалишта“ на „богатите“ Роми кои се до неговата интервенција (сосе багерите) го живееја својот импровизиран живот покрај Вардар. Ако се расположени надлежните институции да ме повикаат, ќе им бидам водич на функционерите и на медиумите во неколку ромски маала, чисто да им покажам колку „убаво“ живеат скопските Роми, без вода, без електрична енергија, без никаква инфраструктура…

Пред некоја година, се запалија неколку ромски куќи во Скопје, во Тенеќе маало. Ромските политичари истрчаа да бидат хумани и секако, да искористат некој политички поен, при што експресно од Владата на Република Македонија беа издвоени околу 250.000 евра за реконструкција на куќите. Најголема заслуга за тоа имаше пратеникот Амди Бајрам. И секако, на следните избори имаше најголема поддршка од ромските гласачи во Шуто Оризари. Ама, барем помогна… Дали и сега, пред избори, ќе има ромски „херој“ што ќе им обезбеди покрив на стотината избркани Роми…?

Лани, додека „бранителите на татковината“ кампуваа пред Собранието на Република Македонија, од Унијата на млади на Сојузот на Ромите, им носеа пакети со јадење и пиење како хуман гест, ете, дека спиеле под шатори во „Жена парк“. Ромите од Кале веќе неколку дена спијат на улица, меѓутоа од Унијата на млади на СРМ, од ДСР, од ПЦЕР, од РОМ…, сé уште нема информации дека некој им однел некакви прехранбени производи. Навистина, лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски на 2 август, на својот Фејсбук профил ги повика граѓаните, посебно Ромите, и на востание… И неколку невладини организации се трудат на некој начин да им помогнат на Ромите од Кале, но најголемиот дел од ромскиот невладин сектор е на летен одмор или одржува летни школи за зајакнување на ромските права. Се надевам дека по одморите, пред Нова година, на пример, ќе имаат јасна цел, секако и проект, како да делуваат на терен, а сé дотогаш, ќе бидат само Фејсбук – активисти, аналитичари и критичари…

Коцката е фрлена, ромските куќички се урнати, останува да видиме дали институциите конечно ќе преземат конкретни мерки и ќе им најдат соодветно сместување на Ромите, или ќе продолжат оправдувањата „дека Ромите не сакаат да одат во (не)безбедниот прифатен центар ‘Чичино село’“.

Една од обврските на Владата со потпишување на Декадата на Ромите е и – нивното домување. Може ли власта, да продолжи да води сметка за животните, конкретно и за мајмуните, и за најконкретното шимпанзо (иако, и со решетки од 230.000 евра, кафез е кафез, подобро е шимпанзото да остане на слобода), но, само со дел од парите за мајмунот, да ги реши проблемите барем на стотината Роми? Може ли? Може ли Македонија да се врати кон нормалната живеачка?

Tags: 230.000 евраЗОО градинаКоце ТрајановскиРомиСамка Ибраимовскишимпанзо
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ