Ставот на ЕУ во врска со започнувањето преговори со Албанија претставува тежок удар за Албанија, по сите ветувања и најави на Владата дека земјата е пред започнување преговори.
Ова е главно оценката на албанските медиуми по соопштувањето на Стратегијата на ЕК за западен Балкан, со која, како што наведуваат, јасно се става до знаење дека земјите треба многу да работат за да се интегрираат, а за тоа не се предвидува временска граница.
Од друга страна, премиерот Еди Рама, преку својот профил на Фејсбук, уште еднаш повтори дека Албанија и Еропската унија се многу блиску до отворање на преговори.
Според Рама сега сѐ зависи од моќта на Албанија да дејствува.
– Добредојдено е сѐ што се наведува за Албанија во стратегијата на ЕУ. Преговорите се поблиску од било кога. Потоа, сѐ ќе зависи од моќта на нашето дејствување, напиша Рама.
За Албанија, во стратегијата се наведува дека Комисијата е подготвена да даде препорака за отпочнување на преговорите за членство по исполнувањето на поставените услови.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.