• Latest

За над 1,3 милијарди евра била тужена државата во судски постапки пред Арбитражниот суд во Париз во последните шест години

July 10, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

За над 1,3 милијарди евра била тужена државата во судски постапки пред Арбитражниот суд во Париз во последните шест години

July 10, 2023 14:25
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 2017 година до сега вкупните побарувања на странски компании во постапки пред Арбитражниот суд во Париз во кои како тужен се јавува Република Северна Македонија е над 1,3 милијарди евра.

Станува збор за побарувања во седум покренати постапки, односно откако е формирано Националното координативно тело за арбитражни постапки на чие чело е заменик премиерот задолжен за економски пршања, Фатмир Битиќи.

Од овие предмети 3 се завршени, за еден постапката е во завршна фаза, а за три постапката допрва почнува. Од завршените предмети, за тужбата на „Кунико ресурсис“ кој ја тужеше држвата за незаконски спроведена стечајна постапка на Фени Индустри и бараше отштета од околу 74 милиони евра, Арбитражиот суд донесе одлука за запирање на постапката поради доволно докази доставени од страна на тужителот. Во случајот „Бинани“ покренат од странски инвеститори во врска со стечајот на рудникот Тораница во кој се бараше отштета од 250 милиони евра, тужителот ја има повлечено тужбата, а Судот досуди истиот на Македонија по основ на судски трошоци да и плати над 700.000 евра, од кои се наплатени 300.000 евра, а за другите потапката е во тек. Тужителот се обиде да покрене повторно спор, но Арбитражниот суд го прекина поради фактот што истиот не ги платил тршоците од првиот спор.

Веројатно најпознат спор е оној за Рафинеријата ОКТА, во кој Хеленик петролеум ја тужеше државата за непочитување на договорот во делот на обврската за преземање 500.000 тони мазут годишно. Во првиот судски спор, покренат во 2009 година, Македонија плати отштета од 40 милиони евра, а во вториот, кој се однесува на период од 2012 до 2018 година, во кој побарувањето беше за околу 43 милиони евра, Арбитражниот суд пресуди да се платат 21 милион евра. Како што објаснува Битиќи, судот ги уважил нашите агументи за намалениот обем на производство на Рафинеријата и нејзиниот прекин со работа како Рафинерија. За исплата на долгот во тек се преговори меѓу двете страни.

Сé уште ативен, но во заврна фаза е „историскиот спор“ во кој извесен Блажо Тасев од Словенија ја тужи државата и бара отштета од дури 492 милиони евра за експропријација на имотот на рудникот Саса направена пред неговата експропријација.

Најнови спорови се оние за рудникот Казандол каде државата го раскина договорот за концесија за ископ на бакар, злато и сребро и каде украински инвеститори бараат отштет од 78 милиони евра, потоа тужбата на турската компанија Гама гуч против ТЕ-ТО, каде тужбеното брање е во висина од 5 милиони евра, како и тужбата за раскинување на договорот со Инсо системи и Министерството за здравство за изградба на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“, потпишан во 2017 година во кој се бара отштета од 18,9 милиони евра.

Според Битиќи, државата посветува сериозно внимание на овие спорови и ангажира реномирани светски адвокатски канцеларии сé со цел да се избегне плаќање огромни тужбени побарувања. Во таа насока, во план е формирање и посебно тело кое ќе настојува евентуални спорови да се превенираат за да се избегне Арбитражата во Париз.

Tags: Арбитражен суд во ПаризНационалното координативно тело за арбитражни постапкиФатмир Битиќи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ