• Latest
Фото: Креирано со помош на ВИ

За одредени македонски медиуми, најбитни се реакциите на Кремљ

October 3, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

За одредени македонски медиуми, најбитни се реакциите на Кремљ

October 3, 2025 12:55
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: Креирано со помош на ВИ

Фото: Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Одредени македонски портали, познати по тоа што и до сега, на руската агресија врз Украина гледаа исклучиво низ дурбинот на Кремљ, продолжуваат ревносно да ги извршуваат задачите доставени од нарачателите, дистрибуирајќи ги наративите на руските пропагандисти.

Така и со најновата информација дека американскиот претседател Доналд  Трамп, кој во духот на  неодамна променетата реторика ја продлабочува поддршката за Украина, откако неговите напори за унапредување на мировните разговори се во застој, потпиша дозвола за разузнавачките агенции и Пентагон да му помогнат на Кијив за ракетни напади со долг дострел врз енергетската инфраструктура на Русија. Оваа вест се чини особено ги вознемири московските мегафони во регионот, бидејќи ја засега најболната точка, енергетската инфраструктура на Русија и нејзиното производство и извоз на нафта и нафтени деривати, од каде се финансира руската воемна и пропагандна машинерија.

Без да се оди подлабоко за причината поради која Трамп се премисли и дозволи напади длабоко на руска територија, а тоа секако секојдневните руски ракетни и напади со дронови врз украинската цивилна инфраструктура во кои има голем број цивилни жртви, тие во текст со наслов „КРЕМЉ РЕАГИРА, НАТО ЌЕ Ѝ ЦРТА НА УКРАИНА КАДЕ ДА УДРИ? Mожни се напади врз мега-постројки внатре во Русија“, еднострано ја пренесуваат изјавата на (својот) портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој обвинува дека САД редовно ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина преку интернет,  коментирајќи ги наводите на „Волстрит џунал“ дека САД планираат да ѝ обезбедат разузнавачки податоци на Украина конкретно насочени кон нафтени рафинерии, гасоводи, нуклеарни централи и слична критична инфраструктура длабоко на руска територија.

Се пренесува и неговата изјава дека обезбедувањето и користењето на целата инфраструктура на НАТО и САД за собирање и пренесување разузнавачки информации на Украинците, според него е очигледно, иако разузнавачките информации од Вашингтон за Кијив еден период беа стопирани.

Иако се повикуваат на наводи на WSJ, нема ниту збор за тоа дека ваквиот  развој на настаните доаѓа во време на променливата реторика на Трамп за војната во Украина, откако неговите напори за посредување во мир меѓу Кијив и Москва досега не успеаја, а Трамп е фрустриран од рускиот претседател Владимир Путин и неодамна ги даде своите најпроукраински изјави досега.

При крајот на текстот додаваат дека, според написот на „Волстрит џурнал“ новото споделување информации за локации на постројките е со цел да ѝ се стане на патот на Русија во користењето и продажбата на гориво, болната точка за финансиите на пропагандистите.

Зголемената руска пропаганда во дел од македонските медиуми во пресрет на локалните избори има повеќекратни цели, кои се во корелација во пошироката стратегија на Кремљ за влијание во Европа, на Балканот, вклучително и во Северна Македонија.

Руската пропагандата, преку погодни медиуми во Северна Македонија, која е членка на НАТО и претендент за влез во ЕУ, се стреми да ги прикаже Алијансата и  ЕУ како лицемерни, корумпирани, непријателски настроени, со што треба да го ослаби кредибилитетот на овие институции кај граѓаните.

Целта на зголеменото присуство на руските пропагандни наративи е создавање амбиент на недоверба, нестабилност, назадување на демократските процеси и забавување на евроатлантските интеграции, со што Северна Македонија би останала подложна на руско влијание и ранлива за идни геополитички игри.

Како што објави ЦИВИЛ во едукативен прилог „5 начини да препознаете манипулации во медиумите“ за тоа како да се разликуваат фактите од манипулациите, манипулативните текстови не секогаш содржат лаги.

Понекогаш доволно е да се постават прашања, да се користат селективни факти или да се имплицира вина, за да се создаде перцепција кај читателите. особено во предизборен период, кога јавноста често е бомбардирана со „ексклузиви“ и „скандали“ што звучат шокантно, но не секогаш се поткрепени со факти. Наместо докази, често се користат техники што создаваат сомнеж и недоверба кон политичките противници.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

Tags: Дмитриј ПесковКремљНАТОпроруски македонски медиуми
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ