Во Скопје со почеток во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.
Со почеток во 12:00 часот изјава ќе даде градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Со почеток во 11:00 часот прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Тема на прес-конференцијата е збирниот ефект од четирите пакети економски мерки, реализацијата на Буџетот, информација за тековните економски движења, како и за очекувањата за оваа економска година.
Во Скопје со почеток во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Објавен првиот повик за компаниите во рамки на новата седумгодишна европска програма за истражување и развој ’Хоризонт Европа’”.
АД Пошта на Северна Македонија во 11:00 часот ќе промовира пригодна поштенска марка по повод јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески.
Во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на Гранскиот независен синдикат на полицијата.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.