Во 12:00 часот на АП Криволак Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен Командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик на командантот на ВС на САД за Европа и Африка, бригаден генерал Џед Шаертл и директорот на вежбата, полковник Блаже Николовски ќе имаат обраќања на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе има работна средба со министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац во 09:00 часот.
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, денеска е на дневен ред на седница на Комисијата за одбрана и безбедност.
Заменикот гувернер на Вермонт, Моли Креј и секретарот за трговија и развој на заедниците, Линдзи Карл, заедно со генерал мајор Грег Најт од Националната гарда на Вермонт се во посета на Северна Македонија од 30 мај до 3 јуни 2021, како дел од Програмата за државно партнерство, соопшти Амбасадата на САД во Скопје.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.