РЕСТРИКЦИИ: Од денеска стапуваат во сила новите рестриктивни мерки со кои за влез во угостителските објекти и на организирани настани ќе мора да се приложи сертификат за примени вакцини или потврда за прележан Ковид-19 во изминатиот месец и половина. Со новите мерки целосно се забранува и одржување настани и работа на угостителските објекти на затворено.
НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ: Од денеска започнува постапката за собирање потписи за кандидати на локалните избори од независните листи. Собирањето потписи ќе трае до 30 август.
РЕАКЦИИ: Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ го осуди говорот на омраза на вчерашните протести против новите мерки и вакцинацијата, и побара заштита за лекарите.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: Христијан Мицковски на фејсбук за денес најави објавување на кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.