КРИЗНА СОСТОЈБА Владата денеска во 8, 30 часот ќе одржи седница на која треба да донесе одлука по предлогот на Групата за процена составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на Претседателот, за прогласување кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена. Предлогот доаѓа по зголемениот обем на пожарите низ територијата на Северна Македонија.
ОРД АКТИВНОСТИ Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во 10 часот ќе присуствува на тркалезната маса на тема: „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници” по повод 20-годишнината на Охридскиот договор.
Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ, во рамки на проектот „ЕУ со ТЕБЕ“ ќе го посети Југоисточниот плански регион, вклучувајќи ги општините Босилово, Струмица, Дојран и Конче, а изјави за медиумите ќе има пред зградата на Општина Босилово во 11:30.
КУЛТУРА Во Охрид, во 21 часот во Античкиот театар ќе се одржи концерт на Влатко Стефановски Трио.