Претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи на средби со претставници на Европската комисија и Европскиот парламент во Брисел.
Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, на 10 и 11 мај 2021 година ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
– Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во 11:00 часот
-Тет-а-тет средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателката Саломе Зурабишвили во 11:10 часот
-Пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и на Грузија во 11:25 часот
– Церемонија на потпишување на Договор за безвизен режим и на Меморандум за соработка во областа на културата во 12:30 часот
– Заедничка прес-конференција на претседателот Стево Пендаровски и претседателката Саломе Зурабишвили во 12:40 часот
– Полагање венци од страна на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“ во 13:00 часот
– Средба на претседателката Саломе Зурабишвили со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери во 14:00 часот
– Средба на претседателката Саломе Зурабишвили со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во 15:30 часот
Во 11:00 часот собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за одбрана и безбедност ќе одржат по две седници во 11:00 и во 11:30 часот, по што следува Седница на Законодавно-правната комисија во 14:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.