Вебинарот за граѓанско новинарство и медиумска писменост со богата и динамична агенда, одлична можност за дружење и ангажман.
ЦИВИЛ ќе одржи уште два бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост на 2 и 3 април (петок и сабота) со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат до 16:30 часот. За учество на вебинарот, потребно е да се пополни онлајн АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе престојува во работна посета на Хрватска каде ќе биде примен од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Горан Грлиќ – Радман.
Денеска во Скопје со почеток во 11:00 часот вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи ќе учествува на панел дискусијата „Пристап и креативни стратегии во креирањето на програми за вработување на младите“.
Со почеток во 11.30 часот, во Скопје ќе се одржи прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
Во Скопје со почеток во 12:00 часот ќе се одржи свечена академија по повод 70 години Државен архив на Република Северна Македонија (ДАРСМ), на која ќе присуствува премиерот Зоран Заев.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.